Куксхафен (округ)
Куксхафен (германски: Cuxhaven) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град. Округот се граничи со (од исток надесно) окрузите Штаде, Ротенбург, Остерхолц и Везермарш, градот Бремерхафен и Северното Море. ГеографијаЧесто округот е именуван како Куксланд. Се наоѓа на брегот на Северното Море и е опкружен од устијата на реките Елба и Везер. Брегот е дел од Националниот парк Ваденско Море (Долна Саксонија). ИсторијаОкругот бил основан во 1977 година со спојување на поранешните окрузи Ланд Хаделн и Везерминде. Градот Куксхафен го изгубил својот статус на слободен град и станал административно седиште на новиот округ. ГрбГрбот го прикажува Свети Никола, кој е светец-заштитник на рибарите. Брегот на Северното Море е прикажано најдолу на грбот. Градови и општини
НаводиНадворешни врски
|