Витмунд (округ)
Витмунд (германски: Wittmund) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град. Округот се наоѓа во Источна Фризија, на брегот на Северното Море. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Фризија, Лер и Аурих. ГеографијаОкругот содржи дел од Ваденското Море, кое е дел од националниот парк Долносаксонско Ваденско Море. Крајбрежјето на копното е познато како Харлингер Ланд. Островите Лангеог и Шпикерог, обата припаѓаат на Источнофризиските Острови, се дел од овој округ. ИсторијаОкругот бил создаден од Кралството Прусија во 1885 година од Амт Витмунд, Амт Езенс и градот Езенс. Сите претходно биле дел од округот Аурих. Во 1977 година, округот бил споен со округот Фризија; меѓутоа, спојувањето било прогласено за неуставно во 1979 година поради нарушување на правата на поранешната Држава Олденбург на која Фризија припаѓал и поради тоа двата округа биле повторно основани во старите граници. ГрбБродот на грбот го претставува крајбрежјето на округот. Трите едра ги покажуваат хералдичките симболи за округот - предниот ја покажува мечката како симбол на семејството Атена од Езенс, кои владееле во XIV и XV век. Главното едро покжува две копја за турнири како симбол на херојот Омкен, преземени од грбот на градот Витмунд. Орелот на задното едро е за замокот и Амт Фридебург. Градови и општини
НаводиНадворешни врски
|