Возарци
Возарци — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река, како истек на вештачкото Тиквешко Езеро.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 160 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри. Селото е сместено на самиот регионален пат Кавадарци-Прилеп.[2] Атарот зафаќа простор од 7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 303,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 296,3 хектари, а на шумите само 3,4 хектари.[2] Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има правоаголен карактер.[3] ИсторијаПодрачјето на селото е населено уште од доцноантичко време, за што сведочат остатоците од населби и некрополи.[4] Селото било христијанско од чифлички тип.[3] Во XIX век, Возарци било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. СтопанствоСелото има полјоделска функција.[2] Селаните биле орачи и чифчии за време на турското ропство на чифликот на Синановци од Кавадарци. Во близина на селото поминувал штипско-прилепскиот друм, а во близина на населото се наоѓал и Возарчански Хан. До 1890 година од селото па до Кавадарци се одржувал голем панаѓур за Ѓурѓовден.[3] Денес, населението главно се занимава со земјоделство, особено со лозарство. Во селото се наоѓа најголемиот метарлуршки погон во Македонија, фабриката „Фени Индустри“. Во селото постојат повеќе продавници и угостителски објекти. Покрај Фени, во селото постојат погони на компанијата „Урбан Инвест“ и „Мозаик Стоун“, седиштето на бензинските пумпи „Црна Река“, винарската визба „Кит-Вин“, електричната централа „ХЕЦ Тиквеш“, земјоделската задруга „Гоце Делчев“, „Евро млин“ и други. Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Возарци имало 195 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Возарци имало 136 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7] Возарци има позитивен популациски биланс. Селото, во 1961 година броело 386 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 884 жители, од кои 878 биле Македонци, а пет жители Срби.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Возарци имало 910 жители, од кои 904 Македонци, 5 Срби и 1 останат.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 892 жители, од кои 821 Македонец, 1 Србин, 1 останат и 69 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКако родови во Возарци се споменуваат:[3]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Возарци се наоѓале селата Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Избирачко местоСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0698 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Шешково, Драдња, Галиште, Праведник и Возарци, кое е сместено во основното училиште во село Возарци.[15] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 755 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Култура и спортВо селото постои фудбалскиот клуб ФК Црна Река. ИселеништвоОд селото се имаат иселено 10 муслимански куќи во Мала Азија во периодот пред Првата светска војна.[3] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|