Кошани
Кошани — село во областа Витачево, во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци. Географија и местоположбаКошани е мало село, сместено во средишниот дел на Општина Кавадарци, во областа Витачево, на потегот помеѓу Ваташка Река и Тиквешкото Езеро.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 500 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 14 километри.[2] До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Бегниште. Селото се наоѓа под Среден Рид, помеѓу долови кои ја создаваат Кошанска Река, притока на Каменица. Под селото се наоѓаат две чешми, а во околината имало повеќе извори.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горна и Долна Рамна, Шљушкови Бресје и Гола Глава.[3] Селото има збиен тип.[3] ИсторијаПодрачјето на Кошани е населено уште од доцната антика, за што сведочат три наоѓалишта околу самото село.[4] Селото претставува доста старо, уште од средниот век. Кога станало чифлиг, староседелците се „изгубиле“ (освен еден род), а на нивно место дошле чифлигари (доселеници).[3] Станало чифлиг на кавадаречките бегови на почетокот на XIX век, кога селаните убиле некој Турчин.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 6,4 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 417 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 133 хектари, а на шумите отпаѓаат само 22 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2] Мештаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Во отоманскиот период, најпрвин работеле на свои ниви, но по убиството на некој Турчин работеле како чифлигари.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кошани живееле 150 жители, сите Македонци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6] Кошани е мало село, во фаза на наполно раселување. Тоа во 1961 година имало 97 жители, а во 1994 година само четири жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Кошани живееле 2 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКошани е македонско село. Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:[3]
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Кошани било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Кошани се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која влегувале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава. Избирачко местоСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0701 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бегниште, Драгожел, Гарниково и Кошани. Истото е сместено во основното училиште во селото Бегниште.[12] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 278 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|