КуманичевоЗа други истоимени места, погледајте Куманичево (појаснување).
Куманичево — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци. Географија и местоположбаКуманичево се наоѓа во средишниот дел на Општина Кавадарци, во областа Витачево, од десната страна на Црна Река, односно на Тиквешкото Езеро.[2] Селото е планинско и се наоѓа на надморска височина од 900 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 33 километри.[2] До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Бојанчиште. Селото се наоѓа на раб на висорамнината над кањонските долини на Црна Река и Блаштица, на самата граница кон Мариово. Во Буковец под селото се наоѓаат повеќе извори.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Сутец, Курита, Тапан, Сокол, Нидомисла, Синокос, Мокреш, Накалец, Дабова Ливада, Журковица, Св. Илија, Косел, Пиштера, Горнатца, Самовилец, Куселница, Врапче, Влекот, Никлевица, Венчан Дап, Крстот, Млечни Камен, Гулубец, Сирочник, Буковски Камен и Петрева Орница.[3] Селото има збиен тип, поделено на четири маала помеѓу кои има Сретсело. Маала во селото се Тасевско, Смилевско, Чулешковско и Палеовско Маало.[3] ИсторијаПодрачјето на Куманичево е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во неговиот атар.[4] Селото е доста старо, од средниот век, за што говорат зачуваните староседелски родови.[3] СтопанствоАтарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 29,6 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 1.214 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 271 хектар, а на пасиштата отпаѓаат 126 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2] Мештаните главно живееле од сточарство. Во отоманскиот период, сите староседелци работеле на свои ниви, освен Божиновци и Бошковци кои биле чифлигари.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Куманичево живееле 350 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куманичево имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7] Куманичево се наоѓа во фаза на наполно раселување, бидејќи во 1961 година броело 308 жители, а во 1994 година само седум жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Куманичево живееле 7 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКуманичево е македонско село. Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:[3]
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Куманичево било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Куманичево се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бојанчиште, во која влегувале селата Бојанчиште, Конопиште и Куманичево. Избирачко местоСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0710 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бојанчиште, Клиново и Куманичево, кое е сместено во зграда на општината, поранешно основно училиште во селото Бојанчиште.[13] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|