Гарц (Риген)
Гарц (германски: Garz) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Градот се наоѓа на најголемиот остров во Германија, Риген. Административно е дел од општинската заедница Берген на Риген. ГеографијаГарц се наоѓа во јужниот дел на островот Риген, околу 5 километри од брего. Околната област се состои од ниски нерамномерни ридови, а највисока точка е Каноненберг (Kanonenberg) со 34 метри надморска височина. Гарц се наоѓа на 22 километри од Штралзунд на копното и 12 километри од поранешното окружно седиште Берген на Риген. Кон Гарц припаѓаат следниве единици: Битенгаст, Думзевиц, Фосберг, Фројденберг, Глевиц, Гецлафсхаген, Грабов, Грос Шориц, Карниц, Клајн Штубен, Книпов, Колдевиц, Ковал, Лозентиц, Малцин, Полтенбуш, Попелвиц, Розенгартен, Шабернак, Зилмениц, Свине, Тангниц, Венторф, Цикер и Цудар.[2] ИсторијаПотекло на иметоКаренц, Керентија или Кореница биле имиња дадени на словенскиот замок, за кој имало тешки борби во 1168 и 1234 и во едно време, за градот се мислело дека е поранешната резиденција Кореница, но денес тоа се чини неверојатно. Во 1327, градските печат го носел името Херц во Руја (Chertz in Ruya). Меѓутоа, името „Гарц“, веројатно доаѓа од словенскиот збор gardec или gard и означува „утврдено место“ или „мал замок“. Претходник на Гарц е веројатно градот Рујендал (Ruyendal). Рана историјаКон крајот на првиот милениум, жителите на Риген биле источногерманското племе Руги, кои од VII век биле следени од Рујаните, западнословенско племе. Во XI и XII век, тука постоел словенски замок со бедем и населба како кралска резиденција. Доброзачуваниот ѕид од тврдината бил сметан од историчарите во XIX и XX век како дел од легендарната резиденција Кореница. Меѓутоа, неодамнешните меѓудисциплинарни истражувања во 2004 и 2005 покажале дека бургот кај Венц (помеѓу Гингст и Трент на бреговите на Нојендорфер Вик) — поверојатно да било административното седиште и храмот Кореница. Вториот бил предаден без борба на 16 јуни 1168, еден ден по освојувањето на Јаромарсбург на ’ртот Аркона, од данскиот крал Валдемар I и неговиот командант Абсалон од Роскилде, по извршените преговори.[3][4] Во 1168, христијанските Данци ја уништиле тврдината во Гарц, како и храмот на Световид во тврдината на Аркона. Германските доселеници пристигнувале од 1240 и селото Гарц се развило. Во 1316, Гарц добил градски права од ригенскиот принц Вицлав III и бил првпат споменат во 1316 и 1319. Поради тоа се смета за најстар град на островот. Градската црква од XIV век, Св. Петар, првично припаѓала на данската бискупија Роскилде. Во 1325, Риген, вклучувајќи го Гарц, потпаднале под Померанија. Во 1478, Риген бил споен со Померанија и по Триесетгодишната војна во 1648 со Вестфалскиот мир Гарц потпаднал под Шведска. Сè до 1815, како последица на Виенскиот конгрес Гарц не станал пруски град. Околу 1648, црковната кула била уништена во бура и заменета со денешната кула. Во 1765 голем пожар уништил многу домови. Старите градски куќи, поголем дел од нив насочени со нивната поголема страна паралелно со патот, биле изградени потоа. Поново времеВо 1930, истражувачот на дијабетес, Герхарт Кач, го основал првиот центар во Германија за клиничко и социомедицинско лечење на дијабетичарите во Гарц. Откако институцијата се преселила во Карлсбург во Западна Померанија, оддел на Институтот Карлсбург останал во Гарц. Од 1991, центарот на Гарц бил во голема мера обновен како дел од планот за урбан развој. Близу Гарц се наоѓа предавател на германскиот телеком од 1993. АдминистрацијаОд 1818 до 1952, Гарц припаѓал на округот Риген (Kreis Rügen, од 1939, Landkreis Rügen), од 1952 до 1955 на округот Путбус, од 1956 повторно на Риген (Kreis Rügen, од 1990 Landkreis), и од 2011 на округот Западна Померанија-Риген. На 1 јануари 2001 Грос Шориц[5] бил припоен кон градот Гарц. На 13 јуни 2004, Цудар, истоимениот полуостров, бил приклучен кон градот.[6] Во јануари 2005, Карниц бил исто така припоен кон Гарц. Култура и знаменитости
Познати луѓеНаводи
Надворешни врски
|