Цирков
Цирков (германски: Zirkow) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море. ГеографијаЦирков се наоѓа во биосферниот резерват Југоисточен Риген помеѓу малиот град Путбус и балтичкото одморалиште Бинц. На североисток се граничи со Шмахтерското Езеро близу Бинц. Општински единициВо рамките на општината Цирков се наоѓаат следниве села: Алт Зилиц, Далквиц, Нистелиц, Пантов, Шмахт, Зерамс и Фирвиц. ИсторијаСелото Цирков било првпат споменато во 1495. Името на местото доаѓа од словенскиот збор сираков, кој означува „место на сирак“. До 1326, областа била дел од Кнежевството Риген, а потоа на Војводството Померанија. До Вестфалскиот мир во 1648 Риген, а со тоа и Цирков, биле под шведска власт. Во 1815, селото заедно со Западна Померанија, потпаднале под пруската Покраина Померанија. Во 1818, Цирков станал дел од округот Риген и останал таму сè до 2011, освен малиот период од 1952 до 1955 кога бил дел од округот Путбус. Во 2011 станал дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген. Знаменитости
НаводиНадворешни врски
|