Округот се наоѓа долж горниот тек на реката Хафел од нејзиниот извор до предградијата на Берлин. Во северниот дел се наоѓаат многу езера, вклучувајќи го Големото Штехлинско Езеро, кое е позната поради романот од Теодор Фонтане, наречен „Штехлин“ (Der Stechlin).
Историја
Округот бил создаден на 6 декември 1993 преку спојување на поранешните окрузи Гранзе и Ораниенбург.
Грб
Грбот прикажува орел како симбол на Бранденбург во горниот дел. Долу се двата летачки лебеда на зелена позадина претставувајќи ја природата со многу езера. Грбот бил неофицијално користен од претходниот округ Ораниенбург пред спојување, но никогаш не бил официјално донесен. Бил донесен од округот Горен Хафел на 18 мај 1994.