Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Финстервалде, Бад Либенверда и Херцберг.
Географија
Округот е именуван по двете реки, реката Елба која ја создава западната граница со Саксонија и реката Шварце Елстер која е притока на Елба и тече низ округот. Округот е дел од историската област Лужица. Мочуриштата долж Шварце Елстер се станишта на неколку ретки животни, како модроврани, дабари и видри.
Грб
Грбот бил донесен во 1995. Лавот во долниот лев дел потекнува од грофовијата Мајсен, кому историски му припаѓал јужниот дел од округот. Црните ленти потекнуваат од грофовијата Саксо-Витенберг бидејќи областа околу Бад Либенверда припаѓала на тоа грофовија во минатото. Црвените линии потекнуваат од најстариот грб на Бранденбург, а бикот е симбол за областа Долна Лужица каде е сместен самиот округ.