ДамјанЗа други значења на поимот, погл. Дамјан (појаснување).
Дамјан — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 311 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа на крајната западна страна на територијата на Општина Радовиш, сместено во малото Дамјанско Поле. Селото се наоѓа во едно рударско средиште за експлоатација на железо и бакар. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Штип.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 550 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 12 километри, додека од магистралата А4 на потегот Радовиш-Штип околу четири километри.[4] Водата за пиење во селото Дамјан е обезбедена преку бунар од поранешниот истоимен рудник, со кој селаните стопанисуваат сами и не е под надлежност на општинското комунално претпријатие ЈП „Плаваја“.[5] До селото води асфалтен пат. Покрај магистралата А4, во поново време е создадена истоимената рударска населба, каде се имаат иселено помладите жители од селото Дамјан. Населбата се простира покрај магистралата, во близина на клучката кај рудникот „Бучим“.[6]
ИсторијаСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[7] Во близина на затворениот рудник „Дамјан“ во текот на 2017 година бил пронајден најголемиот антички рударски град Марчово. Овој град бил споменуван и во турските списи како најголем рудник во тоа време, со што конечно се потврдила легендата за неговото постоење.[8] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 16,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 847,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 347,6 хектари, а на шумите 319,7 хектари.[4] Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција, додека дел од активното население работи или работел во двата соседни рудника (Бучим и Дамјан). Во селото работи продавница.[4] Рудник „Дамјан“Истоимениот рудник за железо се наоѓа во непосредна околина на селото Дамјан, во близина на градот Радовиш. Рудникот Дамјан е дел од рудниот реон Бучим-Дамјан-Боров Дол. Рудникот активно работел во периодот 1968-1992. Рудник „Боров Дол“Новиот рудник „Боров Дол“ се наоѓа на околу 4 км над селото Дамјан и истоимениот рудник, чие поле на работа ќе биде на подрачјето на општините: Радовиш, Конче и Штип.[6] Рудникот е поврзан со превозна лента со соседниот рудник „Бучим“, со што ќе се продолжи работниот век на овој рудник. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дамјан живееле 600 жители, сите Турци.[9] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Дамјан живееле 349 Турци.[10] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци и 150 Македонци.[11] Селото е средно по големина, но во однос на населението, двојно се намалило. Така, во 1961 година селото броело 606 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 348 жители, од кои 332 биле Македонци, шест Турци, а осум жители Власи.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Дамјан живееле 311 жители, од кои 304 Македонци, 6 Власи и 1 останат.[2] Според истражувања во 2018 година, во студијата за отворањето на рудникот „Боров Дол“ е наведено дека во селото се останати околу 40-тина постојани жители.[5] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 175 жители, од кои 149 Македонци, 3 Власи и 23 лица без податоци.[12] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Дамјан:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиДамјан во минатото било турско село, но денес е целосно населено со македонско население. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]
Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Дамјан било село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Дамјан, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1597 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Погулево.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 178 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|