ШтуровоЗа други истоимени места, погледајте Штурово (појаснување).
Штурово — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3] Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат се сретнува во историските документи како Штурово во XX век (1900 г.). Името е придавско изведено од штур со значење на скуден, мршав, празен или пуст или пак од антропонимот Штур(о) со значење „за човек празен, празноглав, глупав“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од штурец.[4] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужните падини на планината Плачковица.[5] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 750 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, оддалечено 7 километри.[5] Во близина на самото село поминува регионалниот пат 2431. ИсторијаСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 6,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 451 хектар, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на обработливото земјиште 68 хектари.[5] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Штурово имало 60 жители, сите Турци.[7] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Штурово живееле 134 Турци.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[9] Штурово е мало село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 80, а во 1994 година само 24 жители.[5] Според пописот од 2002 година, во селото Штурово живееле 11 жители, сите Македонци.[2] До 1950-тите години, селото било населено исклучиво од Турци. Подоцна, турското население целосно го напуштило селото, а на нивно место се населиле Македонци. Во поново време, селото е во фаза на раселување. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 3 Македонци и 3 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаВо XIX век, Штурово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Калаузлија, во која покрај селото Штурово, се наоѓале и селата Алилоба, Држаоци, Калаузлија, Каралоба, Караџалар, Чешме Маале и Шаинташ. Општина Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1604 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|