Селото се наоѓа на југозпадната падина на Плачковица, оддалечено 11 километри источно од Радовиш. Атарот зафаќа површина од 6 км2[3] Источно од селото тече реката Сирава, која се влева во Плавија (Плаваја) на јужниот крај од атарот.
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сари ѓол живееле 124 Турци.[5]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
134
—
1953
150
+11.9%
1961
0
−100.0%
1971
0
0.00%
1981
0
0.00%
Година
Нас.
±%
1991
0
0.00%
1994
0
0.00%
2002
0
0.00%
2021
0
0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6]
Во првите децении на XX век населението на Сариѓол значително нараснало, што се гледа од податокот на Гаџанов, како и од првите два пописа по Втората светска војна. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години: