Според пописот од 2002 година, селото имало население од 279 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
Калаузлија е мало село, сместено во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш. Селото е сместено на падините на планината Плачковица, недалеку од градот Радовиш, во североисточна насока.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 610 метри.[4]
Селото се наоѓа во областа Јуруклак, на падините на планината Плачковица. Оддалечено е 6 километри североисточно од градот Радовиш.
До селото води асфалтен пат.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 569 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 133 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работи продавница.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Кулазлии живееле 570 Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[8]
Калаузлија е мало село по големина, но со пораст на населението. Така, во 1961 година броело 36 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 235 жители, турско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Калаузлија живееле 279 жители, сите Турци (Јуруци).[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 351 жител, од кои 341 Турчин и 10 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
Доселеници:Османовци и Демировци (7 к.), Усеиновци и Мешиновци (20 к.), Мустафовци и Османовци (14 к.), Алиловци и Реџеповци (8 к.), Ибраимовци и Аметовци (6 к.), Мамутовци и Дестановци (15 к.), Исмаиловци и Омеровци (6 к.), Шерифовци (5 к.), Адемови (4 к.), Абдуловци (4 к.), Еминовци (3 к.), Беќировци (3 к.) и Абдушовци (2 к.), сите се многу стари доселеници од Коња во Мала Азија.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1952 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште тогашната Општина Калаузлија, во која влегувале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар, Штурово и Чешме Маале.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1605 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
↑Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 234.
↑Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.