Дејвид Вајнленд
Дејвид Вајнленд[1] (англиски: David Wineland 24 февруари 1944)[2] — американски добитник на Нобелова награда за физика кој работи во Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) кој претставува физичка лабораторија. Неговата работа вклучува напрдоци во оптиката, особено ласерски оладени заробени јони и употребата на јони за квантно сметачки операции. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2012 година, заедно со Серж Арош, за „врвните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи.“ [3][4] КариераВајнленд дипломирал во средното училиште во Сакраменто, Калифорнија во 1961 година.[1] Тој ја добил својата диплома од Калифорнискиот универзитет во 1965 година и докторат во 1970 година, под менторство на Норман Фостер Ремзи[5] на Харвард. Неговата докторска дисертација е со наслов „Атомски деутериумски масер“. Тој подоцна извршувал подокторсски истражувања во Демелтовата група на Вашингтонскиот универзитет каде ги иистражувал електроните заробени во јонски стапици. Во 1975 година, се вработил во Националното биро за стандарди, каде ја започнал јонската складишна група и е на факултетот за физика при Колорадскиот универзитет. Вајнленд е првиот кој успеал да излади јони со помош на ласер во 1978 година. Неговите групи користеле заробени јони во многу експерименти за оснвната физика, и комнтролата на квантната состојба. Тие имаат прикажано оптички техники за да приготват терен, за суперпозиција и испреплетени состојби. Оваа работа довела до напредоци во спектроскопијата, атомските часовници и квантните информации. Во 1995 година тој го создава првата единечна атомска квантна логичка порта и беше првиот кој успел квантно да телепортира информација во масивни честички во 2004 година.[6] Бајнленд го применил најпрецизниот атомски часовник користејќи квантна логика на единечен алуминиумски јон во 2005 година.[7] Вајнленд е член на Американското друштво на физичари, Американското друштво на оптичари, и бил избран за член на Националната академија на науките во 1992 година. Тој својата Нобелова награда во 2012 година ја поделил со францускиот физичар Серж Арош „за важните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи.“[3] СемејствоВајнленд е оженет со Седна Квимби-Вајнленд, и тие имаат два сина.[8] Седна Квимби е ќерка на Џорџ I. Квимби (1913 - 2003), археолог и антрополог, кој бил професор по антропологија на Вашингтонскиот универзитет и директор на Томас Буркиевиот меморијален Вашингтоснки државен музеј, и неговата сопруга Хелен Квимби.[9][10] Награди
Наводи
|