Перси Вилијамс Бриџмен
Перси Вилијам Бриџман (21 април 1882 – 20 август 1961) — американски физичар коју ја добил Нобеловата награда за физика во 1946 за негговата работа поврзана со високи притисоци. Тој исто така опширно пишувал на теми поврзани со научниот метод и со филозофијата на науката.[2][3][4] Познатиот Бриџманов ефект е именуван во негова чест. ЖивотописМладостПознат меѓу семејството и пријателите како „Питер“, Бриџман е роден во Кембриџ, Масачусетс, и израснал во Обурндејл Масачусетс.[5] Бриџмановите родители биле родени во Нова Англија. Неговиот татко, Рејмонд Ландон Бриџман, бил „длабоко религиозен и идеалистичен“ и работел како дописник во весник за државните политики. Неговата мајка, Мери Ен Марија Вилијамс, била опишана како „поконвенционална, жива и натпреварувачка личност“.[5] Бриџман основното и средното образование ги завршил во Обурндејл, каде бил успешен во училишните натпревари, на спортските терени и во играњето шах. Опишан како срамежлив и горд, неговиот живот во детството го минувал во слушање на семејна музика, играње карти, како и навремено завршување на домашните и градинарските задачи. Семејството било длабоко религиозно, читајќи ја Библијата секое утро и оделе во Конгреционалната црква.[5] Сепак, Бриџман подоцна станал атеист.[6] Образование и личен животБриџман се запишал на Харвард во 1900 година, и студирал физика сè до неговото докторирање. Од 1910 година па сè до неговото пензионирање, тој бил предавач на Харвард, станувајќи редовен професор во 1919 година. Во 1905 година, тој започнал да ги испитува својствата на материјата под висок притисок. Дефект на машината, направил тој да го измени својот апарат за притисок, при што добил нова направа која му овозможила да создаде притисоци кои надминувале 100.000 kp/cm2 (10 GPa, 100.000 атмосфери). Ова било значително подобрување на претходните машини, кои постигнувале притисоци само од 3.000 kp/cm2 (0,3 GPa). Оваа нова машина довела до бројни нови откритија, вклучувајќи го и изучувањето на компресијабилноста, електроспроводливоста, топлоспроводливоста, затезната цврстина и вискозноста на повеќе од 100 различни соединенија. Бриџман е познат и по неговите изучувања на електроспроводливоста на металите и својствата на кристалите. Тој го осмислил Бриџмановото запечатување и е епоним за Бриџмановите термодинамички равенки. Бриџман направил бројни подобрувања на беговиот високопритисочен апарат во текот на годините, и неуспешно се обидувал многупати да создаде вештачки дијамант.[7] Неговата книга за филозофија на науката, со наслов Логиката на современата физика (1927) ја промовирала операционализацијата и го создал поимот операционализам. Во 1938 година тој учествувал во Меѓународниот одбор за единство на науката.[8] Тој исто така е еден од 11 потпишувачи на Расел-Ајнштајновиот манифест. Старост и смртБриџман се оженил за Олива Вер, која потекнувала од Хартфорд, во 1912 година. Таткото на Вер, Едмунд Аса Вер, бил основач и прв претседател на Атлантскиот универзитет. Парот имал две деца и биле во брак 50 години, живеејќи подолг период од својот живот во Кембриџ. Семејството имало и летна викендица во Рандолф, каде Бриџман бил познат како вешт планинар.[5] Бриџман бил „пробивен аналитички мислител“ со „богата механичка замисла“ и инзворедна спретност со рацете. Тој бил вешт водоводџија и столар, познат по тоа дека ги надминувал и професионалците на ова поле. Тој бил исто така уживал во музиката и свирењето на пијано, и особено се гордеел со неговите растителни и цветни градини.[5] Бриџман се самоубил стрелајќи си во глава откако подолг период метастазирал неговиот рак. Во неговата проштална порака пишувало, „Не е достоинствено за општеството да направи човек ова сам да си го стори на себеси. Најверојатно ова е последниот ден кога ова можам да го сторам самиот на себе“[9] Бриџмановите зборови се цитирани од многуте поддржувачи на потпомогнатото самоубиство.[10][11] Почести и наградиБриџман стекнал многубројни почесни докторски титули, од Стивенсовиот институт во 1934 година, Харвард 1939 година, од Њѕјоршкиот политехнички универзитет во 1941 година, Принстон во 1950 година, Парискиот универзитет во 1950 година и од Јејл во 1951 година.
Бриџман бил член на Американското друштво на физичарите и бил негов претседател во 1942 година. Топј бил член и на Американскиот сојуз за унапредување на науката, Американската академија на уметностите и науките, Американското филозовско друштво и Националната академија на науките. Тој бил странец член на Кралското друштво и почесен член на Лондонското друштво на физичарите. Куќата на Перси Вилијамс, во Масачусетс, во САД е прогласена за национално историско обележје во 1975 година.[14] Во 2014 година, Одборот за нови минерали, номенкалтура и класификација (ККНМК) од Меѓународниот минералошки сојуз (ИМА) го одобрил името бриџменит за перовскитно изградените (Mg,Fe)SiO3,[15] the Earth's most abundant mineral,[16] во чест на неговите високопритисочнио истражувања. Објавени трудови
ПоврзаноНаводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
|