Мишел Мајор
Мишел Мајор (француски изговор: [miʃɛl majɔʁ]; 12 јануари 1942)[1] — швајцарски астрофизичар и професор во пензија на Женевскиот универзитет на отсекот за астрономија.[2] Тој се пензионирал во 2007 година, но и понатаму е активен истражувач при Женевската опсерваторија. Тоје содобитник на Нобеловата награда за физика во 2019 година заедно со Џим Пиблс и Дидје Кело,[3] наградата Виктор Амбарцумјан во 2010 година,[4] и добитник е на наградата Кјото во 2015 година. Заедно со Дидје Кело во 1995 година, ја откриле 51 Пегаз b, првата вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето, 51 Пегаз.[5] За ова нивно шпостигнување, тие се наградени со Нобеловата награда за физика во 2019 година „за откривањето на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето“.[6] Надоврзувајќи се на откритието, Мајор укажува дека луѓето никогаш нема да се населат на овие вонсончеви планети бидејќи истите се „многу,многу далеку ... [и ќе бидат потребни] стотици милиони денови користејќи ги моменталните начини на транспорт кои се достапни денес“.[7] Сепак, поради откритијата на Мајор, потрагата за вонземјена комуникација од вонсончевите планети е попрактично од она што се мислелов во минатото.[8] Мејор магистрирал физика на Лозанскиот универзитет (1966) а докторирал астрономија при Женевската опсерваторија (1971). Неговиот труд имал дел наречен „Есеј за кинематичките својства на ѕвездите во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ Тој бил истражувач при Институтот за астрономија при кембричкиот универзитет во 1971 година. Подоцна, тој своите неработни семестри ги поминувал при Европската јужна опсерваторија (ЕЈО) во северот на Чиле и Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет.[9] КариераОд 1971–84, Мејор работел како помошник истражувач при Женевската опсерваторија, која е домот на одделот за астрономија Женевскиот универзитет. Тој станал асистент на универзитетот во 1984 година.[1] А во 1988 година, универзитетот го прогласува за професор, позиција која ја држел сè до неговото пензионирање во 2007 година. Мејор бил директор на Женевската опсерваторија од 1998 до 2004 година.[1] Тој е професор во пензија при Женевскиот универзитет.[10] ИстражувањеИнтересот за истражување на вонсончеви планети Мајор (познати и како вонсончеви планети), инструментите, статистичките својства на двојните ѕвезди, динамиката на ѕвездените јата, галактичката структура и кинематика. Докторската теза на Мајор при Женевскиот универзитет била посветена на галактичките структури.[1] За време на периодот како помошник истражувач, постоел силен интерес за развивање на фотоелектрични Доплерови спектроскопи за да се добијат попрецизни мерења за радијалните брзини на ѕвездените тела во споредба со веќе постоечките фотографски методи. Надоврзувајќи се на првичната работа на Роџер Грифин во 1967 година за да се покаже можноста за фотометриски мерења на радијалните бризини, Мајор работел со Андре Баранe од [[Марсејска опсерваторија|Марсејорбиталните периоди на двојните ѕвезди, па дури и вртежната брзина на самите ѕвезди.[11] Ова истражување довело до зголемен интерес во различни полиња, меѓу кои е и полето на изучување на статистичките одлики на ѕвездите од сончев тип. Заедно со соистражувачот Антоан Дикенуа, тие ги испитувале радијалните брзини на неколку системи за кои се верувало дека се двојни ѕвезди во 1991 година. Резултатите покажале дека дел од ѕвездите кои биле истражувани се всушност единечни ѕвезди со подѕвездени придружни тела.[12] Посакувајќи попрецизни мерења на радијалните брзини, Мајор, заедно со Баран од Марсеј, и со додипломецот Дидје Кело, го развиле ЕЛОДИЕ, нов спектрограф заснован на КОРАВЕЛ, за кој се проценувало дека ќе има прецизност од 15 m/s за сјајните ѕвезди, што е подобрување од она на КОРАВЕЛ од 1 км/s. ЕЛОДИЕ бил развиен со цел да се определи дали секундарните тела се ѕвезди кафеави џуџиња или пак џиновски планети.[13] До 1994 година, ЕЛОДИЕ е ставен во функција во Женева и Мајор заедно со Кело го започнаа своето истражување на ѕвезди од сончев тип за кои се претпоставувало дека имаат секундарни тела.[14] Во јули 1995 година, нивното истражување на 51 Пегаз потврди дека во орбита околу ѕвездата постои вонсончева планета, означена како 51 Пегаз b која подоцна е класифицирана како планета од типот на жежок Јупитер. Ова била првата планета која е откриена во орбита околу ѕвезда на главната низа, за разлика од планети кои биле во орбита околу остатоците од ѕвезда.[15] Нивното откритие на вонсончева планета околу сончеволика ѕвезда го зголемило интересот за потрага на вонсончеви планети.[16] Од 2019 година, забележани се повеќе од 4000 вонсончеви планети и уште неколку илјади потенцијални кандидати.[17] Мајоровата работа се фокусирала повеќе на подобрување на инструментите за мерење на радијалните брзини за да се зголеми шансата за откривање на вонсончевите планети и да се измерат нивните одлики. Мајор бил предводник на екипа која требала понатамошно да го усоврши ЕЛОДИЕ, односно да се зголеми прецизноста на мерењата до 1 m/s со помош на пребарувачот на планетарни радијални брзини (ХАРПС) вграден на 3,6 m ЕСО телескоп при опсерваторијата Ла Сила во Чиле во 2003 година.[18] Мајор бил предводник на екипата која го користела ХАРПС во потрагата на други вонсончеви планети. Во 2007 година, Мајор бил еден од 11 европски научници кои ја забележале Глизе 581c, првата вонсончева планета во животопогодниот појас, користејќи го ЕСО телескопот.[19] Во 2009 година, Мајор и неговата екипа ја забележале најлесната вонсончева планета околу ѕвезда од главната низа: Глизе 581e.[20] Сепак, Мајор дал забелешка дека луѓето никогаш нема да се населат на овие планети бидејќи тие се „многу, многу далеку ... [и ќе бидат потребни] стотици милиони денови за да се стигне дотаму користејќи ги денешните расположливи видови на транспорт".[7] Но пак, благодарение на откритијата на Мајор, потрагата за вонземни комуникации од вонсончевите планети е сега попрактична отколку што било пред откритието.[8] Награди и одликувањаВо 1998 година, Мајор бил награден со швајцарската награда „Марсел Беноа“[1] како признание за неговата работа и неговото значење за човековиот живот. Од 2003 година, тој е дел од управниот одбор. Тој е добитник и на наградата „Жул Жансен“ од Француското астрономско друштво во 1998 година.[21] Во 2000 година, тој е добитник на Балцановата награда.[1] Четири години подоцна, тој бил награден со медалот „Алберт Ајнштајн“.[1] Во 2005, тој е добитник на Шоовата награда за астрономија, заедно со американскиот астрофизичар Џефри Марси.[22] Мајор е прогласен за витез со францускиот медал на легијата на честа во 2004 година.[23] Во соработка со Пјер-Ив Фрај, мајор напишал книга на француски јазик наречена Les Nouveaux mondes du Cosmos (Сеј, 260 страници), која била наградена со наградата Книга за астрономијата 2001 за време на 17-иот астрономски фестивал Хут Мориен.[23] Мајор се стекнал со почесни докторати од осум универзитети: Левенскиот католички универзитет (Белгија), 2001; Лозански федерален институт за технологија 2002; универзитетот во Северно Рио Гранде (Бразил), 2006; Упсалскиот универзитет (Шведска), 2007; Париската опсерваторија (Франција), 2008; Бриселскиот слободен универзитет (Белгија), 2009; Провански универзитет (Марсел), 2011 и универзитетот „Жозеф Фуре“ (Гренобл), 2014.[23] Мајор е добитник на наградата ББВА за знаење во 2011 година (заедно со неговиот поранешен студент Дидје Кело) за развивање на нови астрономски инструменти и експериментални техники кои довеле до првото набљудување на планети околу сончеволики ѕвезди.[24] Астероидот 125076 Мишелмајор е именуван во негова чест, и е забележан од швајцарскиот аматерски астроном Мишел Ори при Јурската опсерваторија во 2001 година.[2] Официјално наводот за именување е објавен во Центарот за мали планети на 21 август 2013 година (Ц.М.П. 84674).[25] Во 2015 година, тој е награден со златен медал на Кралското астрономско друштво.[26] Во 2017 година, тој е добитник на Волфовата награда за физика.[27] Тој и Дидје Кело се наградени со половина од Нобеловата награда за физика во 2019 година за откривањето на вонсончевата планета 51 Пегаз b.[28] Членување во професионални здруженија
Наводи
Надворешни врски
|