Шелдон Ли Глешоу
Шелдон Ли Глешоу (англиски: Sheldon Lee Glashow; р. 5 декември 1932) — американски теориски физичар добитник на Нобеловата награда за физика. Тој е е професор по математика и физика на Бостонскиот универзитет и Хигинсов професор по физика, во пензија, на Харвард. Раѓање и образованиеГлешоу е роден во Њујорк, како дете на еврејски доселеници од Русија, Бела и Рубин Левис Глучовски, неговиот татко бил водоводџија.[1] Тој дипломирал во месното училиште во Бронкс во 1950 година. Глешоу бил во истиот клас со Стивен Вајнберг, чие истражување, независно од она на Глешоу, ќе доведе двајцата и Абдус Салам да ја поделат Нобеловата награда за физика во 1979 година.[2] Глешоу се стекнал со диплома за уметност од Корнел во 1954 година и докторат по физика од Харвард во 1959 година под менторство на нобеловецот за физика Џулијан Швингер. Потоа, Глешоу станал член на NORDITA и почнал да работи на Калифорнискиот универзитет каде бил помошник професор од 1962 до 1966 година.[3] Тој се вратил на одделот за физика на Харвард како професор по физика во 1966 година, и бил именуван за Хигинсов професор по физика во 1979 година, заминува во пензија во 2000 година. Глешоу е повремен рофесор или научник во Glashow has been a CERN, Марсејскиот универзитет, МИТ, Брукхејвенската лабораторија, Тексас A&M, Хјустонскиот универзитет, и Бостонскиот универзитет.[2] Глешоу е член на одборот на спонзори на Билтенот на атомските научници.[4] ИстражувањеВо 1961 година, Глешоу ги проширил моделите за обединувањето на електрослабото заемодејство благодарение на Швингер со вклучување на кусорастојната неутрална струја, односно Z0. Добиената симетрилна структура која ја предложил Глешоу, SU(2) × U(1), е основата на прифатената теорија за електрослабото заемодејство. За ова свое откритие, Глешоу заедно со Стивен Вајнберг и Абдус Салам, бил награден со Нобелова награда за физика во 1979 година. Во соработка со Џејмс Бјоркен, Глешоу бил првиот кој го предвидел четвртиот кварк, т.е. магичниот кварк, во 1964. Ова било во периодот кога биле откриени четири лептони и само три кваркови биле предложени дека постојат. Равојот на нивната работа во 1970-ите, ГИМ-овиот механизам дека двата парови на кваркови: (d.s), (u,c), би ги поништиле вкусоменувачките неутрални струи, кои биле набљудувани експериментално при далечните ниски нивоа, наместо на теориско предвидените на основа од само на три кваркови. Превидувањето на магичниот кварк исто така ја отстранил техничката катастрофа за која и да било теорија на квантното полсо нееднакви броеви на кваркови и лептони - аномалија - каде класичната теорија за симетријата на полињата не успевала да се употреби во квантната теорија. Во 1973 година, Глешоу и Хауард Георги ја предложиле теоријата на сè. Тие откриле како да ги сместат баждарните сили во стандардниот модел во групата SU(5), т.е кварковите и лептоните да бидат сместени во две едноставни претставки. Нивната теорија квалитативно ја предвидела општиот шаблон на впарувањето ан постојаните, со можните претпоставки, со што се добиле груби односи на маса меѓу третото семејство на лептони и кваркови, и тоа бил првиот показател законот на барионскиот број е неточен, односно дека протоните се нестабилни. Оваа работа била основата на наредните трудови на теоријата на сè. Глешоу во 1977 година ја подели Опенхајмеровата награда со Феза Ѓурсеј.[5][6] Теорија на суперструнитеГлешоу се сомнева во веродостојноста на теоријата на суперструните поради недостатокот на експериментално добиени предвидувања. Тој водел кампања струнотеоретичаите да се држат настрана од одделот за физика при Харвард, но неговата кампања била несупешна.[7] Околу десеттата минута во „Strings the Thing“, втората епизода од серијата Елегантен универзум, тој ја опишува теоријата на суперструните како дисциплина различна од физикатата велејќи „...можете да ја наречете и тумор, ако сакате...“.[8] Личен животГлешоу е оженет со Џоан Ширли Александер. Тие имаат четири деца.[2] Сестрата на Џоан, Лин Маргулис, го прави Карл Сејган негов пранешен баџна. Даниел Клајтман, кој исто така бил докторант под менторство на Џулијан Швингер, е негов баџанак, преку другата сестра на Џоан, Шерон. Во 2003 година тој беше еден од дваесет и двајцата нобеловци кој го потпишале хуманистичкиот манифест.[9] Објавени дела
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|