Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Власи.[9]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
119
—
1953
255
+114.3%
1961
275
+7.8%
1971
270
−1.8%
1981
157
−41.9%
Година
Нас.
±%
1991
68
−56.7%
1994
58
−14.7%
2002
40
−31.0%
2021
32
−20.0%
Според пописот од 2002 година, во селото Макреш имало 40 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 29 Македонци и 3 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1970 година, родови во селото се:
Горно Маало:Гијови (2 к.), Спиридонови (2 к.) и Попови (1 к.) доселени се однекаде во XIX век. Алинчани (1 к.) доселени се од селото Алинце. Огутчани (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Страчинчани (1 к.) доселени се од селото Страцин. Младенови (1 к.) доселени се од селото Руѓинце. Младенови (1 к.) доселени се од селото Широка Планина во Горна Пчиња. Облавчани (1 к.) доселени се од селото Облавце.
Средно Маало:Поповци (4 к.) и Ѓоргијови (1 к.) доселени се однекаде во XIX век. Нагоричанци (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане. Додевски (1 к.) и Јовановски (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Ѓошевски (1 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња.
Влашко Маало:Ташкови (1 к.) по потекло се Власи. Овде живеат од XIX век. Дејловчани (2 к.) доселени се од селото Дејловце. Картаљаци (2 к.) доселени се од селото Орах. Алинчани (1 к.) доселени се од селото Алинце. Денкови (1 к.) доселени се од селото Младо Нагоричане.
Киселарник Маало:Антевски (2 к.) и Стојменови (2 к.) стари родови во селото. Станојевски (2 к.) доселени се од селото Подржи Коњ кај Крива Паланка.
Печењаци Маало:Спасини (2 к.) стари доселеници со непознато потекло. Алинчанци (4 к.) доселени се од селото Алинце. Петковски (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане.[16]
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
Градиште — населба од бакарното, железното и раноантичкото време
Макреш нема добри услови за живот, па така населението почнало да се иселува.
Овчеполското село Макреш е основано од доселеници од кумановското село Макреш. Потоа постари иселеници имало и во селото Врсаково во Овче Поле. Макрешани се иселени во селото Орашац. Макрешанци се иселени во селото Јачинце. Цветановски се иселени во селото Војник. Петрушеви се иселени во селото Клечевце.
После Втората светска војна населението почнало да се иселува по градовите. Највеќе иселеници има во Куманово. Таму неколку родови целосно се иселени.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“