Никуљане
Никуљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Никуљане, во околината на градот Куманово. Географија и местоположбаНаселбата се наоѓа во областа Козјачија, во западниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, во горното сливно подрачје на реката Пчиња. Селото е ридско, на надморска височина од 500 до 590 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 13 километри.[2] Куќите на ова село се наоѓаат во северниот дел на Кумановската област, на ридско земјиште. Околни села се: Челопек, Старо Нагоричане, Четирце и Сушево.[3] Атарот зафаќа површина од 14,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 643 хектари, на пасиштата отпаѓаат 624 хектари, а на шумите 141 хектар.[2] Никуљане е село од разбиен тип. Постојат следниве маала: Горно, Ивановско, Веселинско, Летеинско, Ѓогинско, Жабаровско, Шоповско, Ѓуринско, Терзинско и Грујинско Маало. Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3] До селото има асФалтен пат, а преку селото може да се стигне до познатата мото-крос патека Забел во Општина Старо Нагоричане. ИсторијаПостојат многу малку податоци за основањето и минатото на селото. Веројатно постоело старо село на денешната положба, кое подоцна пропаднало. Во некогашното село имало стара црква, сместена во горниот дел на селото. Околу 1900 година на нејзините темели била изградена денешната црква „Св. Илија“.[3] Според преданијата на предците, мештаните на селото се доселени од околината на Гнилане, Косово. Прв доселеник бил извесен Павле кој по битката на Косово дошол во Никуљане од селото Жегра кај Гнилане. Павле со браќата побегнал од турските зулуми. Како православец си ја донел и домашната слава Свети Никола. Со жената и со машко дете се населил над црквата. Кога селаните од селото Расево што било нешто подолу, кога го истерале добитокот на пасење, наишле на него и потоа почнале да си прераскажуваат дека „нико“ нов човек. Од зборовите „нико човек, нику људи“ настанало името на селото. Павле во почетокот бил сиромашен и им чувал добиток на селаните од соседното село, а подоцна се збогатил и неговите потомци се денешните жители на Никуљане. Со населувањето на Арбанаси во соседното Сушево, се зголемиле нападите на селото, особено во периодот 1850-1912. Околу 1900 година убиле 8 истакнати мажи. Во годините подоцна биле грабани и девојки. Пред крајот на турската власт, во селото се населиле две арбанашки домаќинства.[3] СтопанствоВо основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Никуљане имало 560 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Никуљане имало 560 жители.[5] Селото било големо, но поради иселувањето на населението преминало во мало село. Така, во 1961 година во Никуљане имало 919 жители, од кои 905 биле Срби, a 14 жители Македонци, додека во 1994 година бројот се намалил на 259 жители, исклучително српско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Никуљане имало 210 жители, од кои 5 Македонци и 205 Срби.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 116 жители, од кои 11 Македонци, 96 Срби, 1 останат и 8 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСпоред истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Четирце, во која влегувале селата Горно Коњаре, Карабичане, Никуљане, Сушево и Четирце. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Старо Нагоричане, во која покрај селото Никуљане се наоѓале и селата Алгуња, Старо Нагоричане, Стрновац и Челопек. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово. Културни и природни знаменитости
Редовни настаниНикуљане има две селски слави, Свети Илија и Спасовден. На овие два празника луѓето расеани на сите страни се им се враќаат макар на кратко на своите корени. ИселеништвоОд Никуљане се иселени: Бојини (4 к.) во кумановското село Карабичане; Никуљчани (4 к.) во кумановското село Лопате; Никуљанци (2 к.) во соседното село Сушево.[3] Главните иселувања од селото настанале по Втората светска војна, главно во Куманово, Скопје, Пожаревац и Белград.[3] Наводи
Надворешни врски |