Макреш — село во Општина Свети Николе , во областа Овче Поле во околината на градот Свети Николе .
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство .
Стопанство
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 62 — 1953 66 +6.5% 1961 93 +40.9% 1971 54 −41.9% 1981 7 −87.0%
Година Нас. ±% 1991 2 −71.4% 1994 2 +0.0% 2002 0 −100.0% 2021 0 0.00%
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика ) од 1900 година, селото Макреш имало 30 жители, сите Македонци .[ 2] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) од 1905 година, во Макреш имало 80 Македонци , под врховенството на Бугарската егзархија .[ 3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци .[ 4]
Селото е раселено и според пописот од 2002 година, селото Макреш нема жители.[ 5] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
30
80
62
66
93
54
7
2
2
0
0
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 6] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 7] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 8] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 9]
Родови
Макреш е македонско село.
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото
Доселеници: Грмодолци (5 к.) доселени се околу 1837 година од селото Стањевци . Изгледа и таму биле доселени однекаде. Го знаат следното родословие: Димитар (жив на 30 г. во 1957 година) Гаврил-Аврам-Петре, се доселил неговиот татко; Барутчинци (4 к.) доселени се после претходниот род од селото Ранченци . И таму имале роднини доселени однекаде.[ 10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Селото Макреш цело време било мало село затоа што од него многу изумирало и се иселувало населението. Целосно изумреле родовите Ничевци, Изарци, Божинкови и Костови.
Постаро население иселено од ова село има во Ранченци (Бурчији ), Крушица (Дупкаровци ) и во Свети Николе .[ 10]
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X . с. 232.
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина .
Надворешни врски
Грбот на Општина Свети Николе Раселени