Економијата во ова село скоро и да не постои, бидејќи морталитетот е поголем од наталитетот т.е. во ова село скоро и да нема млади. Во селото има останати уште само неколку семејства.
Сушево е православно мешано село, порано било муслиманско..
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Доселеници:Ѓерманци (9 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Жегљанци (6 к.) доселени се од селото Жегљане; Пузаљчани (6 к.) доселени се од селото Пузајка. А подалечно потекло од селото Драгоманце; Малотинчанци (3 к.) доселени се од селото Малотино; Нигуланци (2 к.) доселени се од селото Никуљане, каде припаѓале на родот Веселинци. Уште подалечно потекло имале од селото Жегра кај Гнилане во Косово. Сите родови се доселени од 1913 до 1925 година.[10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Во средината на XIX век за жителите на ова село настанал тежок период по што морале да се иселат. На нивно место се населиле муслимани. Православните се иселиле во Никуљане (Грујинци 26 к.), Ослар кај Бујановац (Гарванци 10 к.), и во Горно Коњаре (Сушевци 2 к.)