Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите на XX век родови во селото се: Велковци (8 куќи), Марковци (5 куќи) и Павлевци (5 куќи) староседелци, кои живееле во раселеното село Долени; Грговци (7 куќи) и Симјановци (2 куќи) доселени се однекаде, во родот Грговци го знаат следното родословие: Стојан (жив на 62 г. во 1961 година) Максим-Мицко-Вељан, предокот кој се доселил; Ширговци (9 куќи) доселени се од селото Оздолени, Дебрца.[14]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Павлевци (5 куќи), Велковци (5 куќи), Марковци (6 куќи) и Грговци (7 куќи) овие родови се староседелски; Ширговци (8 куќи) доселени се од раселеното село Требичево кое се наоѓало кај Трапчин Дол.[14]
Во селото постои избирачкото место бр. 755 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на селото осој. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кнежино.[17]
↑Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)