Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 318 жители, од кои: 2 Македонци, 306 Албанци, 6 Срби, 1 Бошњак и 3 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 325 Албанци, 3 Срби, 1 Бошњак, 2 останати и 23 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
430
1953
52
16
278
—
—
114
...
6
—
466
1961
68
109
204
...
...
203
...
11
—
595
1971
8
457
50
—
...
172
...
—
—
687
1981
21
389
—
—
—
67
...
8
—
485
1991
2
10
—
—
—
18
...
2
—
32
1994
—
333
—
—
—
20
...
—
—
353
2002
2
306
—
—
—
6
1
3
—
318
2021
—
325
—
—
—
3
1
2
23
354
Родови
Сопот е мешано православно-муслиманско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Албански:Масуричанци (9 к.) и Лепеничани (3 к.) доселени се во 1878 година од околината на Врање во Србија. Од селата Масурица и Лепеница; Чајци (4 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово; Станевци (10 к.), Курбалијци (10 к.), Депчани (9 к.), Бујиќани (4 к.) и Мучибаба (3 к.) доселени се после Втората светска војна од разни села во околината на Гнилане во Косово; Оравчанци (6 к.), Летевичани (2 к.) и Алиѓерчани (1 к.) доселени се после Втората светска војна од разни села во околината на Прешево во Србија.
Македонски:Метежевци (7 к.), Огутчанци (7 к.) и Подржикоњци (3 к.) доселени се од селата Метежево, Огут и Подржи Коњ кај Крива Паланка после 1913 година.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.