Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Српски
Стрике (4 к.) доселени се од селото Плашко во Лика (Хрватска). Свилари (2 к.) и Ханиќи (1 к.) доселени се од селото Пеќана во Лика. Крајиновиќи (2 к.) доселени се од селото Читлук во Лика. Мандиќи (1 к.) доселени се од селото Јошани во Лика. Ралиќи (1 к.) доселени се од селото Мочила во Лика. Сите се познати под името Личани.
Дојчиновиќи (3 к.), Манчиќи (1 к.) и Костиќи (1 к.) доселени се од селото Завој кај Пирот. Симоновиќи (3 к.) доселени се од селото Вучје кај Пирот. Сите се познати и под името Пироќани.
Ѓорѓевиќи (3 к.) доселени се од Големо Села кај Врање. Симиќи (2 к.) доселени се од селото Лукарце кај Врање. Познати се и под името Врањанци.
Стајиќи (5 к.), Павловиќи (3 к.), Пауновиќи (2 к.), Милковиќи (2 к.) и Козједољани (12 к.) доселени се од Козји Дол во Горна Пчиња. Станојковиќи (3 к.) доселени се од селото Јабланце во Горна Пчиња. До овде наведените српски родови се доселени помеѓу 1920/23 г.
Таневски (6 к.) доселени се од селото Суви Дол близу Страцин кај Кочани. Јовановски (4 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка. Тасиќи (7 к.), Величковиќи (4 к.), Младеновски (3 к.) и Димитријевски (1 к.) доселени се од селото Дејловце. Козјачани (13 к.) доселени се од селата на планината Козјак. Паланчани (13 к.) доселени се од разни села во Кривопаланечко.[9]
Општествени установи
Спорт
Во селото игра фудбалскиот клуб „Победа“, основан во 1977 г. Има играно во Третата лига — Север. Моментално учествува во Општинската фудбалска лига Куманово.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“