Андроник V Палеолог
Андроник V Палеолог (грчки: Ανδρόνικος Ε' Παλαιολόγος) (близу 1400 – близу 1407) бил совладетел на Византија со неговиот татко Јован VII Палеолог. ЖивотАндроник V Палеолог бил единствениот син на царот Јован VII Палеолог и Ирина Гатилузио, ќерка на Франческо II Гатилузио. Во времето кога се родил Јован VII бил владетел на Византиското Царство за неговиот чичко Мануил II Палеолог. Во непознат период, веројатно откако неговиот татко се сместил во Тесалоники, Андроник V бил избран за совладетел, веројатно околу 1403/1404. Тој умрел пред да умре неговиот татко, веројатно во 1407. Владеачкиот статус на двајцата, Јован VII и Андроник V бил целосно почесен и тие не биле целосно означени за совладетели (иако Јован VII владеел како цар во 1390 и регент во Цариград од 1399 до 1403). Наводи
Надворешни врски
|