Евла (Дебарско)За други истоимени места, погледајте Евла.
Евла (или Долно Елевци) — поранешно село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат е забележано дури во XX век (1930 г.). Името доаѓа од зборот евла, што е изведен од старословенскиот збор ехла.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓало јужниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓало на областа Дебарска Жупа, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Струга.[3] Селото лежи на западните падини на планината Стогово. Покрај селото поминува регионалниот пат 2249, од каде може да се забележи единствениот остаток од селото, а тоа е некогашното минаре на селската џамија. ИсторијаСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 4 км2.[3] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 7 домаќинства со 18 жители христијани (Македонци).[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 190 жители, од кои 60 жители Македонци христијани и 130 Турци муслимани.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Евла имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 100 Турци.[8] Селото е наполно раселено по 1961 година, кога што броело само двајца жители, албанско население.[3] Според пописот од 2002 година, селото Евла немало жители.[9] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Евла било село во Дебарската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната општина Евла, која била составена од селата Долгаш, Евла и Елевци. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0570 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Елевци.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 216 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 227 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|