Вилијам Викри
Вилијам Спенсер Викри (англиски: William Spencer Vickrey; 21 јуни 1914 — 11 октомври 1996) — канадски економист и добитник на Нобеловата награда за економија во 1996 година, заедно со Џејмс Мирлис „за нивното истражување во економската теорија за стимулациите при асиметрични информации“. Објавувањето на наградата било направено само три дена пред неговата смрт; неговиот колега Ловел Харис ја прифатил посмртно наградата во негово име. Рани годиниВикри е роден во Викторија, Британска Колумбија и посетувал средно училиште на Академијата Филипс во Андовер, Масачусетс. По добивањето на неговата диплома во математика на Универзитетот Јејл во 1935 година, се запишал и ги завршил магистерските студии во 1937 година и докторските студии во 1948 година на Универзитетот Колумбија, каде останал најголем дел од неговата кариера. КариераВикри бил првиот кој ги користел алатките од теоријата на игрите за да ја објасни динамиката на аукциите.[1] Во неговиот епохален труд, Викри изведува неколку идентитети за аукција и обезбедува докази за еквивалентност. Теоремата за еквиваленост на приходите останува средиштен дел на современата теорија на аукција. Аукцијата Викри е именувана по него.[1] Викри работел на цените на закрчување, поим кој означува дека патиштата и другите услуги треба да бидат наплаќани така што корисниците гледаат дека трошоците растат кога услугата е целосно искористена и кога сè уште постои побарувачка. Цените на закрчување даваат сигнал на корисниците да го прилагодат нивното однесување или на инвеститорите да ја продлабочат услугата со цел да го отстранат застојот. Теоријата подоцна била делумно изведена во Лондон. Во економијата на јавниот сектор, Викри го продлабочил пристапот за маргинален трошок на Харолд Хотелинг. Економската филозофија на Викри била под влијание на Џон Мејнард Кејнс и Хенри Џорџ. Бил остар критичар на Чикашката економска школа и бил гласен во спротивставувањето на политичкиот фокус на балансирани буџети и борењето против инфлацијата, особено во времиња на висока невработеност. Викри предавал на многу студенти и бил ментор на многу од нив на Универзитетот Колумбија, вклучувајќи ги економистите Жак Дрезе, Лин Тарџон и Харви Левин. Личен животВикри се оженил со Сесил Томпсон во 1951 година. Умрел во Харисон, Њујорк, во 1996 година од срцев удар. Избрани трудови
НаводиНадворешни врски
|