Кенет Ароу
Кенет Џозеф Ароу (англиски: Kenneth Joseph Arrow; р. 23 август 1921) — американски економист, писател и политички теоретичар. Тој е заеднички добитник со Џон Хикс на Нобеловата награда за економија со Џон Хикс во 1972 година. До 2019 година, тој бил најмладиот добитник на Нобеловата награда, која ја добил на возраст од 51 година. Ароу е истакнат претставник на повоената неокласична економска школа. Многу од неговите поранешни студенти и самите ја освоиле Нобеловата награда за економија. Неговите најзначајни работи се неговите придонеси кон теоријата на општествен избор, особено „теоремата на невозможното на Ароу“ и неговата работа на анализата на општата рамнотежа. Исто така ја обезбедил основната работа во многу други области на економијата, вклучувајќи ја теоријата на ендоген раст и информациската економија. Ароу останал активен на меѓународната сцена преку различни иницијативи, меѓу кои „Економисти за мир и безбедност“ и е член на советодавното тело за стимулации на глобалното здравје. Образование и рана кариераАроу е роден на 23 август 1921 година во Њујорк. Мајката на Ароу, Лилијан, била од Јаш (Романија), а неговиот татко, Хари, бил од Поду Илоаији (Романија).[1] Семејството на Ароу имал романско-еврејско потекло.[2][3] Неговото семејство многу го поддржувало при неговото образование.[4] Растејќи во текот на Големата депресија, го прифатил социјализмот во неговата младост. Подоцна, се оддалечил од социјализмот, но неговите погледи ја задржале бесчувствителноста.[5] Завршил во средното училиште Таунсенд Харис, а потоа дипломирал на Градскиот колеџ Њујорк во 1940 година на насока математика. Се запишал на Универзитетот Колумбија на додипломски студии. Додека бил таму, студирал кај Харолд Хотелинг и бил под големо влијание од него.[5] Ја добил магистратурата во 1941 година. Служел како временски офицер во американските воздухопловни сили од 1942 до 1946 година.[6] Од 1946 до 1949 година бил студент на Колумбија и истражувачки член на Каулсовата комисија за истражување во економијата на Чикашкиот универзитет. Во текот на ова време бил асистент по економија на Чикашкиот универзитет. Во 1951 година станал доктор на науки во Колумбија.[7] Ароу е брат на економистот Анита Самерс, внук на економистот Лери Самерс и шура на поновите економисти Роберт Самерс и Пол Семјуелсон. Ароу и неговата жена Селма имаат две деца, синовите Дејвид и Ендру, обајцата глумци. Академска кариераМоментално е пензиониран професор по економија и по операциони истражувања на Стенфордскиот универзитет. Исто така, тој е основачки член на Папската академија на општествените науки и член на научниот одбор на Институтот во Санта Фе, основач на „Економисти за мир и безбедност“, а бил иводечки претседавачки член на Меѓувладиниот панел за климатските промени и уредник на годишното издание за економија. Четворица од неговите поранешни студенти станале нобеловци. Тоа се следниве: Ерик Маскин, Џон Харшани, Мајкл Спенс и Роџер Мајерсон.[8] Ароу бил советник во владината администрација како член на Советот за економски прашања во 1960-тите години, заедно со Роберт Солоу.[9] Збирката на трудовите на Ароу се чува во библиотеката Рубенстајн на Универзитетот Дјук.[10] ПридонесиТеоремата на невозможностаВо 1951 година, Ароу ја објавил книгата „Општествениот избор и поединечните вредности“ (Social choice and Individual values) која потекнува од неговата докторска теза. Во неа, тој ја изведува Општата теорема на невозможното која гласи: Невозможно е да се одреди општествената преференција која ќе ги задоволува сите под следниве услови:
Теоремата на Ароу има големо значење за теоријата на демократијата, зашто тој покажал дека ниту еден систем на гласање не ги задоволува горенаведените критериуми на одлучувањето. Имено, Ароу докажал дека ниту еден метод на гласање не дава задоволителни резултати, кога се гласа за три или повеќе алтернативи. Сепак, треба да се забележи дека доказот на Ароу вреди само ако за одделните алтернативи се гласа во парови.[11] Теоремата има импликации за економската благосостојба и теориите на еднаквоста. Подоцна, таа била проширена со либералниот парадокс на Амартја Сен, кој вели дека давајќи статус на „минимална слобода“ не постои начин за остварување на Паретова ефикасност, ниту за избегнување на проблемот на општествен избор на неутралност, туку нееднакви резултати. Како пример на ова би биле следниве избори за поделба на торта помеѓу тројца луѓе (на пример, А, Б и В).
Избор 1: А не добива ништо, Б и В добиваат по пола. Така, ако секој поединец гласа за да добие најмногу торта, изборот 4 ќе биде трет во секој список и при секој директен избор ќе изгуби 2 наспроти 1 во нееднаква распределба. Бидејќи сите овие избори се Парето-ефикасни (ниедна благосостојба не може да биде подобрена без намалување на благосостојбата на другите) изборот под реден број 4 нема да биде избран, бидејќи секогаш ќе има другите претпочитани избори. Теорија на општа рамнотежаРаботејќи со Жерар Дебре, Ароу го направил првиот точен доказ за постоењето на пазарната рамнотежа на чистење, давајќи одредени ограничувачки претпоставки. За ова дело и неговите други придонеси, Дебре ја добил Нобеловата награда за економија во 1983 година. Ароу го проширил моделот и неговата анализа ја вклучува и неодлучноста, стабилноста. Неговите придонеси кон теоријата на општата рамнотежа биле под силно влијание на Богатството на народите на Адам Смит. Напишано во 1776 година, „Богатството на народите“ е преглед на економскиот раст донесен преку поделба на трудот, преку осигурување на меѓузависноста на поединците во рамките на општеството.[12] Во 1974 година, Американската економска асоцијација објавила труд напишен од Кенет Ароу, „Општа економска рамнотежа: Цел, аналитички техники, групен избор“ (General Economic Equilibrium: Purpose, Analytic Techniques, Collective Choice), каде изјавил, „Од времето на Богатството на народите на Адам Смит во 1776 година, една периодична тема на економската анализа имала одреден степен на кохерентност помеѓу огромната бројка на поединечни и навидум различни одлуки околу купувањето и продавањето на добра. Во секојдневието, нормалното искуство, постои некаква рамнотежа помеѓу количините на добра и услуги кои некои поединеци сакаат да ги набават и колични кои другите, различни поединеци сакаат да ги продадат. Дали купувачите бројат точно дали ќе можат да ги остварат своите мотиви и дали продавачите вообичаено не произведуваат големи количини на добра кои не можат да ги продадат. Ова искуство на рамнотежа е толку раширено што не го подигнува интелектуалното ниво помеѓу лаиците; тие тоа го земаат здраво за готово што не треба да го разберат механизмот како се случува“.[13] Фундаментални теореми за економската благосостојбаПретставувал две фундаментни теореми за економската благосостојба и нивните докази без барање различност на корисноста, потрошувачката или технологијата. Теорија на ендоген растАроу ја истражувал теоријата на ендоген раст (исто така позната како „нова теорија на раст“), која сакала да го објасни изворот на технолошка промена, кој е клучен поттикнувач на економскиот раст. Додека оваа теорија не станала позната, технолошката промена се сметала за егзогена — тоа е, се претпоставувало дека се случува надвор од економските активности и била надвор (егзогена) во обичните економски модели. Во исто време немало економско објаснување за „зошто“ се случува. Теоријата на ендоген раст обезбедила стандардни економски причини за тоа зошто претпријатијата прават иновации, водечките економисти да мислат на иновацијата и технолошката промена како одредена од економските чинители, што е ендогено на економските активности и така припаѓа во рамките на моделот. Литературата на оваа теорија била подоцна развиена при работата на Ароу. Информациска економијаВо другите пионерски истражувања, Ароу ги истражувал проблемите предизвикани од асиметричните информации на пазарите. Во многу трансакции, една страна (обично продавачот) има повеќе информации околу производот што треба да се продаде отколку другата страна. Асиметричните информации создаваат стимули за страната со повеќе информации за ја измами страната со помалку информации; како последица, се развиле бројни пазарни структури, вклучувајќи гаранции и потврдување од трета страна, што им дозволило на пазарите со асиметрични информации да функционираат. Награди и признанијаАроу бил избран како член на Американската академија на науките и уметностите во 1959 година.[14] Бил еден од добитниците на Националниот научен медал во 2004 година, највисоко научно признание во земјата, доделено од претседателот Џорџ В. Буш за неговите придонеси кон истражување на проблемот за донесување одлуки користејќи несовршени информации и неговото истражување за носење на ризикот. Публикации
Наводи
Надворешни врски
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|