Леонид Канторович
Леонид Виталјевич Канторович (руски: Леони́д Вита́льевич Канторо́вич; 19 јануари 1912 во Санкт Петербург - 7 април 1986 во Москва) — советски математичар и економист, познат по неговата теорија и развој на техниките за оптимална алокација на ресурсите. Се смета за основач на линеарното програмирање. Ја добил Сталиновата награда во 1949 година и Нобеловата награда за економија во 1975 година. ЖивотописКанторович е роден на 19 јануари 1912 година во семејство на руски Евреи.[1] Неговиот татко бил доктор во Санкт Петербург.[2] Во 1926 година, на возраст од четиринаесет години, ги започнал неговите студии на Ленинградскиот државен универзитет. Дипломирал на математичкиот факултет во 1930 година и се запишал на постдипломски студии. ВО 1934 година на возраст од 22 години станал редовен професор. Подоцна, Канторович работел за советската влада. Добил задача да го оптимизира производството со шперплочи. Излегол со (1939 г.) математичката техника, денес позната како линеарно програмирање, неколку години пред да биде напреднато од Џорџ Данциг. Издал неколку книги како „Математичкиот метод во планирање на производството и организација“ и „Најдобрите употреби на економските ресурси“. За неговата работа, Канторович ја добил Сталиновата награда во 1949 година. По 1939 година станал професор на Воениот инженерско-технички универзитет. При Опсадата на Ленинград, Канторович бил професор на универзитетот и надлежен за Патот на животот. Го пресметал оптималното растојание помеѓу автомобилите на мразот, зависејќи од дебелината на мразот и температурата на воздухот. Во декември 1941 и јануари 1942 година, Канторович лично одел помеѓу автомобилите на мразот на езерото Ладога, на Патот на животот, за да се обезбеди дека автомобилите нема да потонат. Меѓутоа, многу автомобили со храна за преживеаните на опсадата биле уништени од германските воздушни напади. За овој подвиг и храброст, Канторович го добил орденот на Татковинската војна и му бил доделен медалот „За одбрана на Ленинград“. Нобеловата награда за економија, која ја делел со Тјалинг Копманс, му била дадена „за неговите придонеси во теоријата за оптимална алокација на ресурсите“. МатематикаВо математичката анализа, Канторович имал важни резултати во функционалната анализа, теоријата за претпоставки и теоријата на управување. Особено, Канторович формулирал основни резултати во теоријата на нормирана векторска решетка, која е наречена „К-простор“ во негова чест. Канторович покажал дека функционалната анализа може да биде користена во анализа на итеративните методи, набљудувајќи ги нееднаквостите на Канторович на конвергичната стапка на градиентниот метод и на Њутновиот метод. Канторович ги сметал проблемите на оптимизацијата, како проблемот Канторович-Монге во транпортната теорија. Неговата анализа ја предложила метриката Канторович, која е користена во теоријата на веројатноста, во теоријата на слаба конвергентност на мерките за веројатност.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|