Јелачки Црн Врв
Јелачки Црн Врв ― планински врв во месноста Јелак на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Неговата височина е 1.890 метри.[1] Местоположба и пристапностЈелачки Црн Врв се наоѓа на север од Попова Шапка во близина на поранешниот планинарски дом Јелак.[1] Патеката е со должина од 5 км и се одвива од Планинарскиот дом „Смрека“ преку бандерите до сртот од 2000 мнв кои водат до разрушениот планинарски дом Јелак сè до Јелачки Црн Врв. Патеката е лесна и се движи во живописен предел од пасишта и иглолисен шумски појас сè до врвот кој е поставен на карактеристичен гребен. Искачувањето пред врвот конкретно се одвива по сртот на гребенот, едната страна на врвот е карпа додека другата е со стрмни пасишта, во овој дел е потребно внимателно движење. Од врвот се отвора прекрасен поглед кон средишниот дел од Шар планина. Патеката е добро маркирана и прегледна.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|