Share to:

 

Челепински езера

Челепинските езера е назив за две леднички езера на Шар Планина. Се наоѓаат во близина на Челепинскиот извор на 2,250 m надморска висина.[1]

Прво Челепинско езеро

Првото Челепинско езеро (некои го викаат и големо) се наоѓа над Челепинскиот извор и има тркалест облик. Неговиот пречник е околу 60 метри. Длабоко е половина метар. Нема свои извори и се одржува од атмосферските талози. Кога не е сушна годината, тоа опстојува и преку лето, во спротивно пресушува.

Второ Челепинско езеро

Второто Челепинско езеро се наоѓа во близина на Првото Челепинско езеро и е оддалечено на само три минути. По обликот и големината е слично на Првото. карактеристично за ова езеро е што постепено се затрупува со нанос.[2].

Наводи

  1. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 57
  2. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya