Шарпланинец
Шарпланинец (српски: Шарпланинац, албански: Qen i Sharrit или Qeni Ilir) — овчарска раса на кучe. Именуван е по планината Шара, каде што може најчесто да се најде. Признаен е од страна на Меѓународниот кинолошки сојуз како илирски овчар од 1939 година па сѐ до 1957 година, кога името е променето во „Југословенски овчарски пес — Шарланинец“. Телото му е тешко помеѓу 55 и 70 кг. Високо е околу 75 цм, а градниот обем му изнесува 120 цм. Се одликува со добродушност, верност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и приспособливост. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата. Во времето на Османлиското ропство, овие кучиња се движеже заедно со стадата овци, поминувајќи го летото во подрачјето на Шар Планина и во летото во пониските и потоплите делови. ПотеклоПотеклото на шарпланинецот не е точно познато. Во минатото некои научници сметале, дека шарпланинецот потекнува од Азија, но сега најраспространето е мислењето, дека роднината му е на Балканот, а поточно во планинските масиви на Македонија — Шар Планина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово. Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови. Вообичаено се користи за чување на добиток и овци. ВО номадскиот начин на чување на добиток и овци, истите биле преместувани двапати годишно, во високите планински пасишта во лето, и во топлите низини во зима. Ву јужниот дел од Балканскиот Полуостров, голем дел од овци биле преместувани на овој начин, придружувани од луќе и кучиња. во времето на Осмалниското ропство, кучиња од оваа раса ги придружувале стадата овци, поминувајќи го летото во подрачјето на Шар Планина а зимата во топлите низински подрачја. Бројот на кучиња е намален со распадот на Југослвија во почетокот на 1990-тите. После овие настани, Меѓународниот кинолоѓки сојуз ги има препознаено Македонија и Србија како земји од кои потекнува шарпланинецот. Шарпланинците најчесто можат да се најдат на Шарпланина, од каде и потекнува името „Шарпланинец“. Исто так може да се најде и на планините Кораб, Бистра, Стогово, Јабланица, Баба и тн. Според историските податоци се смета дека предците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималаите. Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал. Името го добил по планината каде и највеќе е одгледуван. За првпат изложен е на Меѓународната изложба на кучиња во Љубљана во 1926 година[1][2]. Во 1939 година шарпланинецот е препознаен како посебна раса и е запишан под реден број 41 во списокот на Меѓународниот кинолошки сојуз (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња, како југословенска раса по името „Илирски овчар“. Во 1957 година, по барање на Југословенскиот Кинолошки Сојуз, Меѓународниот кинолошки сојуз прифатил званичното име на расата да биде сменето во „Југословенски овчарски пес — Шарпланинец“. Во 1968 година Каршкиот Овчар, кој претходо се сметал кко подвид на шарпланинецот, бил препонаен како посебна раса. ОсобеностиОпшти црти
Глава
ВратПрофилот на вратот е рамен или малку испакнат во горната страна и е малку над линијата на грбот. Вратот е средно долг, но поради густото крзно, кое го покрива, изгледа пократок и поширок. Поврзувачките точки меѓу телото и главата не се гледаат. Кожата не е обесена, а крзното е густо, долго и руновито, кое на вратот прави гриво. Тело
ОпашкаОпашката му е долга и достигнува до шепите. Во основата опашката е доста дебела, која постепенно се стеснува кон врвот. Покриена е со густо крзно, кое од долната страна е подолго. Опашката, кога е дигната, има форма на лак. Повеќето кучиња си ја завиваат опашката нагоре. Предни нозеВисочината на долната страна на предните нозе до коленото е 55% од височината до грбот. Плешките се долги и широки, сврзани со градниот кош, лесно наклонети спрема хоризонталната коска под агол од 65°. Горната страна на предните нозе е мускулеста и е под поостар агол од плешките: 55° спрема хоризонталната коска. Аголот на коленото (меѓу горната страна на ногата и шепара) е околу 145°. Шепите се силни и широки, озгора лесно подвиткани, оздола испакнати, а ноктите се здрави со црн пигмент. Задни нозеГорната страна на задните нозе е мускулеста, со силно заоблена мускулна структура. Пределот на коленото е поотворен отколку кај предните нозе: приближно 125°. Коленото е здраво и широко. Долната страна на задните нозе е цела со силна мускулатура. Скакателната става е широка и отворена под агол од околу 130°. Горниот дел на задните шепи е малку повеќе накосен отколку кај предните шепи. КожаКожата е средно дебела, кукулеста и истегната по телото. Сите видливи делови на кожата и лигавица се обоени со темен или црн пигмент. БоиШарпланинецот е еднобоен, со различни нијанси од бело до темносиво, наместа и црно. Доминантната боја е поинтензивна во горната страна на главата, вратот и грбот. Од долната страна на телото бојата постепено избледнува до посветли нијанси — бледо сиво или жолтеникаво во долните страни на нозете. ТелоМажјаците тежат околу 55–70 кг, а женките 45–60кг. Шарпланинецот е прикажан на македонската монета од еден денар. Наводи
Надворешни врски
|