Љуботен (планински врв)За други значења на поимот, погл. Љуботен.
Љуботен или Љуботрн — планински врв висок 2.498 метри[1], прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско-косовска граница. ГеографијаИако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети. Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, до кој се наоѓа впечатливата Козја Карпа. Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река и други. Под самиот врв се наоѓа планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 часа. Галерија
Забелешки
Наводи
Надворешни врски
|