Бачишта — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До 2013 година селото било дел од Општина Зајас, која се припоила кон Кичево.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на источните слапови на Бистра Планина. Селото се наоѓа на Бачишка Река. Оддалечено е 13 километри северно од Кичево. Од патот Кичево-Гостивар, населбата е оддалече на 4,4 км, а од градот Кичево 15,5 км.
Историски населението во Бачишта секогаш било албанско. Но кога во 1991 година во селото бил формиран разгранок на ПДП веднаш во училиштето бил бојкотиран македонскиот јазик и бил воведен албанскиот. Преку албанските политички структури бил извршен притисок и тогашниот македонски министер за образование дозволил, наместо дотогашниот македонски, во училиштето во Бачиште и официјално да се воведе албанскиот како наставен јазик. Така и ден денес децата учат на албански, додека дома си зборуваат на мајчиниот македонски јазик, а веќе партиско-политички „национално“ се идентификуваат како - Албанци.[2]
Стопанство
Атарот е голем и зафаќа простор од 22,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.427,9 ха, пасиштата заземаат површина од 543,9 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 201 ха. Според ваквата аграрна структура селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Во маалото Алиовци се овие родови: Исаковци, Арслановци, Ипчевци, Селимовци и Королиовци сите заедно имаат 60 куќи.
Во маалото Незировци се овие родови: Таманковци, Бајрамовци, Велковци или Велијовци, Браимовци, Ценковци, Папевци, Фејзовци, Бешировци и Зеновци сите заедно имаат 41 куќа. Во еден од овие родови се знае следното родословие: Зеќир (жив на 37 г. во 1961 година) Сефер-Браим-Исо-Усејин-Незир, најсариот познат предок.
Во малото Лакофци најстариот жител Мифтар раскажува дека од секогаш во с.Бачишта живеело само Албанско население. (7 к.).
↑Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 21.
↑Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“