Брждани
Брждани — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево. Потекло на иметоИмето на селото првпат е споменато како „Брждани“ во XV век. За значењето на името има неколку мислења:[2]
Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, од десната страна на реката Треска, а на северозападните падини на Илинска Планина.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Од градот Кичево е оддалечено 11 километри.[3] Селото има слична положба како соседното село Видрани: поголемиот дел од куќите се наоѓаат на стрмната страна од планинскиот масив, лево од Беличка Река. Останатите куќи се сместени во подножјето на падините, покрај самата река. Околни села се: Јудово, Свињиште и други.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Селиште, Капиница, Јароштица, Локви, Равен, Латков камен, Рудиње, Плоштак, Селце, Бигор, Кремен, Раменов кладенец и други.[4] Селото има разбиен тип. Постојат три маала: Горно Маало, Долно Маало и Реканско Маало. Најново и најниско маало е Реканското. Истото цело време се шири поради преселувањето на домаќинствата од горните маала во него.[4] Селото се наоѓа во областа Долна Копачка, во долината на Беличка Река. До селото има магистрален пат кој оди до Битола. Атарот на селото граничи со атарите на следните села: Турје и Јудово од југозапад и запад, Подвис и Видрани од северозапад и север, Манастирско Доленци од исток, и Свињиште од југ. ИсторијаДо крајот на XVII век, Брждани било поделено на неколку помали населби. Едно било во месноста Селиште (на патот за селото Јудово), друго на потегот Селце (на патот за селото Видрани), трето на потегот Гочмајнца (атар на соседното село Свињиште. На месностите Селиште и Селце се наоѓаат остатоци од гробишта, ќупови, јаглен и друго.[4] На граница помеѓу атарите на селата Брждани и Свињиште се наоѓа возвишувањето Богоројчина Краста. Таму до крајот на XVII век постоеле манастир и тврдина. И денес се сретнуваат остатоци од ѕидини, од манастирскиот под, стари дабови и друго.[4] Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1476/77 година, како дел од Кичевската нахија и имало 4 словенски христијански куќи.[4] Денешното село било основано пред околу 200 години (околу 1760 година). Основачи биле македонски доселеници од некое село од околината на Пешкопеја, денес во Албанија.[4] Во XIX век, Брждани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 320,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 206 хектари, а на обработливото земјиште 77,6 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 45 домаќинства со 168 жители христијани (Македонци).[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брждани имало 230 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Брждани имало 640 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брждани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[8] Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Брждани:[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[10] Брждани во 1961 година броело 328 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 209 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Брждани живееле 162 жители, сите Македонци.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 85 жители, од кои 54 Македонци, 1 Србин и 30 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБрждани е македонско православно село.[4] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Брждани, се наоѓале и селата Белица, Видрани, Јудово, Козица и Свињишта. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0759 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[18] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[20] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[21] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниТрадиционално, во селото има прослави и собири за:
Личности
ИселеништвоСосема се иселил, а дел и изумрел родот Матеевци, кои биле по потекло од селото Требичево во околината на Ресен. До 1918 година неколку домаќинства се иселиле во Бугарија, после 1945 година највеќе се иселени во Кичево, а иселеници има и во Качарево (Ѓоковски, Вељаноски и Стаменкоски) како и во Јабука (Божиноски, и уште 2 други семејства).[4] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |