Бигор Доленци
Бигор Доленци — село во областа Долно Кичево, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод. Потекло на иметоИмето на селото доаѓа на „бигор“ што означува вид камен или бела земја, како и „Доленци“ што доаѓа од придавната форма долен со значење луѓе што се населени во долниот дел на месноста.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во јужниот дел на Кичевската Котлина, во областа Долно Кичево, во источниот дел на територијата на Општина Кичево. Бигор Доленци се наоѓа на левиот брег на реката Треска.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 670 метри.[3] Од градот Кичево е оддалечено 5 километри и лежи во подножјето на планината Челоица. Селото се наоѓа во непосредна близина на градот Кичево од неговата југоисточна страна. Сместено е помеѓу планинската падина на планината Челоица и рамницата околу Треска. Околни села се: Карбуница, Староец, Челопеци и други.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Треска, Пашина Воденица, Ѓубришта, Емров Даб, Бел Камен, Димова Нива, Гољак, Радошоа Нива, Бука, Мишковец, Калуѓери, Бежаница, Орел, Стојкови Ниви, Столева Нива, Елоец, Орлоо седело, Осој Ниви, Доленечки Кладенец, Горно Село, Гумниште, Гробишта, Бојчеј Ниви, Мали Доленци, Жаркоа Нива, Дувало, Пропас, Долга Нива, Средна Нива, Длабоки Дол, Леќоа Нива, Гола Мара, Трбушоска Кошара, Рупи, Јазот, Даздарица, Мечкарици, Напевци, Шејдојци, Ливада, Ѓушкојца и Бела Стена.[4] Селото има збиен тип. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга. Одредени краеви на селото носат имиња по родовите, како Ѓорчевци, Ќирковци, Јаневци, Марковци и други. Селото од 1948 година постепено се префрла кон патот Кичево-Македонски Брод, а тој дел при основањето се водело како маало Гола Мара.[4] ИсторијаВо втората половина на XV век, во Кичевско постоеле три села со името Доленци, колку што постојат и денес. Тоа биле селата Бигор Доленци, Јагол Доленци и Манастирско Доленци. Едното имало 4, другото 12, а третото 44 словенско-христијански куќи. Веројатно Бигор Доленци било најголемото со 44 куќи.[4] Најпрвин селото се наоѓало во месноста Мало Доленци, кое се наоѓа недалеку од денешното село во подножјето на планината Гољак. По раскажување на мештаните, старото село имало 350 христијански куќи. Но, за време на турското владеење поради убиство на двајца Татари на патот Кичево-Прилеп, селото го запалило и населението се разбегало. Поголемиот дел се населил во маалото Бичинци во градот Кичево, а другиот дел во селата Челопеци и Лисичани. Населението кое отишло во овие две села било исламизирано („потурчено“).[4] Дел од населението кое одбило да се потурчи биле убиени, а се спасила само една девојка, која побегнала на падините на планината Гољак. Таму се омажила за овчар по име Петко. Тие изградиле куќа во месноста Горно Село и го основале Горно Бигор Доленци. Тоа село до околу 1880 година имало 30 куќи, кои повеќето потекнувале од синовите на Петко. Во селото единствено се доселиле родовите Ѓорѓевци и Карановци од други села.[4] Со текот на годините, селото од падините на планината започнало да се спушта во низинскиот дел. Најпрвин тоа го направиле 3-4 куќи, а последните куќи се спуштиле 1949 година. Оддалеченоста помеѓу старото селиште и денешното село е 2,5 километри.[4] Во XIX век, Бигор Доленци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 10,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 531,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 263 хектари, а на обработливото земјиште 192,4 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има продавници.[3] Полето околу реката Треска до Првата светска војна припаѓало на некои кичевски Торбеши. Подоцна, нивите биле купени од страна на Македонците во селото. Меѓутоа, последните години, нивите мештаните ги продаваат, а ги купуваат Арбанасите од северниот дел на Кичевската Котлина, кои се населуваат во Кичево.[4] Население
Според податоците од 1873 година, селото Бигор Доленци (тогаш познато како Белостен Доленци) имало 23 домаќинства со 102 жители христијани (Македонци).[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 315 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Беластен Доленци имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бигор Доленци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[8] Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Бигор Доленци:[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[10] Селото е мало, но нема толкаво иселување како во другите села. Во 1961 година, бројот на населението изнесувал 250 жители, а во 1994 година се намалил на 194 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Бигор Доленци живееле 156 жители, сите Македонци.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 114 жители, од кои 110 Македонци и 4 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБигор Доленци е македонско православно село.[4] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[17]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Староец, во која покрај селото Бигор Доленци, се наоѓале и селата Атишта, Вранештица, Карбуница и Староец. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0803 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 110 гласачи.[19] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[20] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
ЛичностиЛичности родени во Бигор Доленци:
ИселеништвоПосле Втората светска војна 30 до 40 семејства се иселиле во Кичево.[4] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|