Рабетино
Рабетино — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. ЕтимологијаНајпрвин, селото било поделено на Горно и Долно Рабетино во XV век. Името потекнува од старословенскиот збор „раб“ што означува роб.[2] Во селото често било користено и машкото лично име Рабе.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Рабетинкол, во источниот ридест дел на Кичевската Котлина и во крајниот источен дел на територијата на Општина Кичево.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12 километри.[4] Ова мало село е сместено во долината на Рабетинска Река, на нејзината десна страна. Околу 500 метри југоисточно од Рабетино се наоѓа поголемото село Дупјани. Други околни села се Светораче, Премка и други.[5] Сместено е помеѓу планините Челоица и Песјак. Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Разбоиште, Пискурица, Земски Рид, Раткојца, Спаса, Браченица, Обрач, Турска Ливада, Сулејманица, Широка Присојница, Пако Ограѓе, Жолтица, Над Јаз, Грашишта, Стеница, Јалица, Долна Река, Горна Ограда, Кај Црква, Горни и Долни Пат и Присој.[5] Селото има збиен тип. Не постојат маала бидејќи е мало и едноставно. Роднинските куќи се групирани и поблиску една до друга.[5] По името на селото е наречена самата река, како и целокупната област, Рабетинкол.[3] ИсторијаПреданието говори дека Рабетино е најстаро село во областа Рабетинкол. Во историските извори се споменува под истото име во втората половина на XV век, кога имало два дела (Горно и Долно Рабетино), едниот со 34, а другиот со 28 словенско-христијански куќи.[5] Во Долно Рабетино имало 25 семејства и 3 неженети, сите христијани.[6] Преданието говори дека некогаш во Селиште се наоѓало старото македонско село Рабетино со околу сто куќи. Денес, оваа месност, која се наоѓа околу 800 метри од денешното село, припаѓа на соседното поголемо село Дупјани. За време на турското ропство, селото било запалено, а селаните убиени. Ова веројатно се случило крајот на XVII или почетокот на XVIII век како последица на Австриско-отоманската војна.[5] Од старото село се спасиле само четири домаќинства, кои го основале денешното село десно од реката. Во истиот период бил уништен и манастирот во соседното село Светораче.[5] Северно од Рабетино, долж долината на реката, се наоѓа месноста Спаса, каде има стари дабови, се познаваат некои ѕидини и има извор. Меѓу народот се говори дека таму се наоѓал манастир, но сепак мештаните не вршеле обичаи на тоа место. Недалеку од Спаса се наоѓа месноста Голомраиште, каде се наоѓаат плочи од стари гробови.[5] Во 1903 година, селото било запалено од страна на Арбанасите од селото Шутово, како последица на задушувањето на Илинденското востание.[5] Претходно селото било уште двапати палено од страна на Арбанасите.[3] Во XIX век, Рабетино било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Во минатото низ селото поминувал стариот пат за Премка и Туин, како и за Порече.[3] СтопанствоАтарот е мал и зафаќа простор од 3,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 212 хектари, на пасиштата отпаѓаат 87 хектари, а на обработливото земјиште 40 хектари.[4] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 8 домаќинства со 38 жители христијани (Македонци).[7] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рабетино имало 100 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рабетино имало 112 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рабетино се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[10] Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Рабетино:[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[12] Селото е мало, населено со македонско население, но е во фаза на целосно раселување. Така, во 1961 година броело 72 жители, а во 1994 година само 6 жители.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Рабетино живееле 3 жители, сите Македонци.[13] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 4 Македонци и 1 лице без податоци.[14] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРабетино е чисто македонско православно село, во селото родовите се староседелци и доселенички.[5] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[3]
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Рабетино, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Речани, Светораче и Челопеци. Рабетино во периодот 1950-1952 се наоѓало во некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0805 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница во селото Дупјани.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[20] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[21] Културни и природни знаменитости
Личности
ИселеништвоОд селото се има иселено поголем дел од населението. За поединечни иселеници се знае за Костевци (10 к.) и Богоевци (4 к.), преселени во соседните села Речани и Миокази.[5] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |