Буриловци
Буриловци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе. Потекло на иметоИмето на селото првпат е споменато како Бориловци во турски документи од 1519 година. Неговото потекло доаѓа од личното име Борило (Боре или Борислав).[2] Село со слично име (Бурилчево) се наоѓа во западниот дел на Кочанската Котлина.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Овче Поле, во источниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 360 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 22 километри.[4] Селото се наоѓа западно од селата Стануловци и Арбасанци, во плитката долина на Буриловска Река. Реката доаѓа од селата Мечкуевци и Ранчинци на север и оди кон Мустафино на југ. Жителите се снабдуваат со вода за пиење од една чешма и немаат бунари. Надвор од селото има неколку мали извора.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Еѓупка, Главица, Војнички Рид, Бела Земја, Немашница, Бојаџија, Церибашица, Црвена Земја, Балев Крс, Пороиште, Долна и Горна Река и Тридолци.[3] Селото има разбиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно. Постаро е Долното Маало.[3] Селото скоро и да не е поврзано со никаков пат и до него се пристапува преку земјен пат низ ниви. ИсторијаОстатоците од старини укажуваат дека на денешното село имало жители уште од стари времиња. Мештаните зборуваат дека во самото село ископувале дебели ќерамиди, врчви и гробови.[3] Буриловци е старо село, отсекогаш семстено на денешното место. Некогаш, ова село имало многу домови, но за време на отоманскиот период, кога беговите почнале да им ја одземаат земјата на селаните, селото се намалило и доста се иселиле.[3] Во XIX век, Буриловци било село во Штипската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 724,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138,4 хектари, а на шумите само 7,7 хектари.[4] Селото, во основа, има полјоделска функција.[4] За време на отоманскиот период, голем дел од земјата ја држале турски бегови. Скоро една половина од селскиот атар бил во посед на Изет-бег. Овој, но и другите бегови, живееле во Штип. При ослободување, малобројните Македонци во селото дел од земјата ја откупиле, а еден дел во 1936 година го добиле од државата. Во овој период, државата доделувала земја во селскиот атар на доселениците, кои главно биле од Горна Пчиња во Србија.[3] Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5] Селото е мало и е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 210 жители, а во 1994 година само 13 жители, македонско население.[4] Според пописот од 2002 година, во селото Буриловци живееле 14 жители, Македонци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиБуриловци е чисто македонско православно село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Буриловци, се наоѓале и селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото било дел од некогашната општина Мечкуевци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Арбасанци, Буриловци, Мечкуевци, Ранчинци, Патетино и Станулевци. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1698 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Мустафино. Во ова избирачко место се опфатени и селата Арбасанци, Буриловци и Стануловци.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 347 гласачи.[12] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 340 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|