Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Власи.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, селото има 2 жители, сите Власи.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
154
1953
162
—
—
—
—
—
...
—
162
1961
44
10
—
...
...
—
...
142
196
1971
15
—
—
—
...
—
...
58
73
1981
4
—
—
—
4
—
...
—
8
1991
—
—
—
—
4
—
—
—
4
1994
—
—
—
—
1
—
—
—
1
2002
—
—
—
—
9
—
—
—
9
2021
—
—
—
—
2
—
—
—
2
Родови
Делисинци е влашко село, а порано било и македонско.
Според истражувањата од 1958 година родови во селото биле:
Македонски:Опутарци (4 к.) најстар род во селото, овде живеат од турско време, подалечното потекло им е непознато; Ристо Коле (3 к.), Пане Риба (1 к.), Дане Ване (2 к.), Лазаровци (1 к.) и Ване Даче (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Богословец.
Влашки:Гудо (1 к.), Мишо (2 к.), Костовци (1 к.), Штерјо (1 к.), Димовци (1 к.), Атанасовци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.) и Костовци 2 (1 к.) првиот род е доселен од селото Ново Село (Велешко), вториот род е доселен од Оморани, третиот, четвртиот и петтиот од Степанци, шестиот е доселен од селото Јакимово, седмиот од Лепопелци, а осмиот од Бучиште. Сите родови се доселени во периодот 1956-57 година.[7]
Од Македонците се знае за следните иселеници. Петреви во 1918 година се иселиле во селото Сарамзалино. Орданови во 1935 година се иселиле во Ѓуземелци. Во периодот од 1956/57 година од селото се иселиле 9 семејства во Скопје (7 семејства), Штип (1 семејство) и во Велес (1 семејство). Тие иселеници биле доселени после Првата светска војна од селото Богословец.[7]
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 7,07,1Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.