Строиманци
Строиманци — мало село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе. Географија и местоположбаОва мало село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип и Општина Кратово.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 480 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 20 километри.[2] Селото се наоѓа на источниот раб од самата котлина Овче Поле. Околни села се Макреш, Кокошиње, Горно Ѓуѓанци и други. Мештаните се снабдувале со вода за пиење од изворска и бунарска вода. Секое маало има свој извор, а најглавен е Пударница во маалото Село.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Добра Глава, Дервенски Рид, Асаница, Пржар, Арнаутски Рид, Леќиште, Кавгалија, Сусерки, Зелена Чука, Стублица, Мала Добра Глава, Илин Крс, Св. Троица, Спас, Пецев Чукар и Селиште.[3] Селото има разбиен тип. Постојат четири маала наречени: Село, Коларци, Ваклинци и Кошарци. Најстаро е маалото Село, додека најново е Кошарци.[3] До селото се пристапува преку селото Долно Ѓуѓанци каде завршува асфалтниот пат, од каде започнува земјен пат кој поминува низ Горно Ѓуѓанци. ИсторијаНа оддалеченост од еден километар северно од денешното маало Село се наоѓа Селиште, каде се наоѓа добра чешма и селската црква „Св. Никола“, изградена околу 1926 година. Претходно таму се наоѓале ѕидини од стара црква. Околу црквата се наоѓаат темели на некогашни куќи. Во народот се говори дека на Селиште имало христијанско село пред зулумите, но мештаните од тоа село изумреле. Во лозјата близу Селиште се наоѓале врчви, грнчиња и огништа.[3] Денешното село Строиманци е младо село, основано пред околу 130 години од македонски доселеници од селото Стрисовци во сливот на Злетовска Река. Тие жители некое време живееле заедно со Турците во Стрисовци, но на крајот се преселиле во денешното село Строиманци.[3] Строисавци Првите доселеници го основале денешното маало Село, а подоцна нивна гранка го основале маалото Кошарци. Маалата Ваклинци и Коларци биле доселени од македонски родови од други села.[3] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 10,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 600 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 хектар, а на шумите 151 хектар.[2] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2] Кога било основано селото, сопственик на таа земја бил некој Ќазим-бег од Штип. Околу 1900 година неговите наследници ја продале земјата на селаните, а дел од селаните добиле земја и со аграрната реформа.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Строиманци имало 190 жители, сите Македонци.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5] Селото е мало и населено со македонско население. Тоа во 1961 година броело 302 жители, а во 1994 година е доведено во фаза на наполно раселување, бидејќи тогаш броело само тројца жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Строиманци живееле 8 жители, сите Македонци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото Строиманци живеел 1 жител, Македонец. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСтроиманци е македонско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
ИселеништвоМакедонското население од ова село се иселувало кон Куманово и Свети Николе. Тоа иселување е почнувајќи од XIX век, па до денешни дни. Во Горно Ѓуѓанци се иселиле Спаскови, Тангарци, Лазаровци и Куклини. Во Долно Ѓуѓанци се иселиле Боневи и Димитар. Постари иселеници има и во Сопот и Ѓуземелци.[3] Самоуправа и политикаВо XIX век, Строиманци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Строиманци, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово и Стањевци. Селото припаѓало на Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1694 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долно Ѓуѓанци. Во ова избирачко место влегуваат селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци и Строиманци.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[12] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|