Стањевци
Стањевци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе. Географија и местоположбаОва село се наоѓа во областа Овче Поле, во северозападниот дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Куманово.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 12 километри.[2] Селото се наоѓа на работ од котлината помеѓу селата Алакинци на југозапад, Павлешенци на север и Мездра на југоисток. Водата за пиење ја добивало од чешми и од бунари. Во самото село постоела Селска чешма, а чешмата Дражевица се наоѓала западно од селото. Имало и трета чешма Азмак, која била уништена од ерозија на земјиштето.[3] Сместено е во североисточните падини на Градиштанска Планина. Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Велетин, Кукуле, Орљак, Будевица, Црвеница, Кушандев Рид, Била, Викало, Кобилица, Кошари, Вртешки, Поглед, Оштра Чукарка, Мала и Голема Кукуноса, Стоилов Рид, Новков Камен, Шумак, Ливади, Ѓерен, Бунаришта, Трпеза, Под Црвеница, Бузалаци, Говедаров Рид, Селиште, Црквиште, Грамади и Арамиска Карпа.[3] Селото има збиен тип. Поделена е на два дела, кои меѓусебно се одвоени од долина. Помалиот и постар дел се наоѓа на левиот брег од долината и е наречен Рајатско Маало, додека на делот на десниот брег е наречен Чифчиско Маало.[3] Во долината поминува реката Периш, а во самото село се наоѓаат ридовите Мала и Голема Кукуноса. На врвот на Голема Кукуноса има дрвена конструкција со клепало. Стањевци е поврзано со асфалтен пат до регионалниот пат Свети Николе-Куманово. ИсторијаСеверно од селото на оддалеченост од околу 1000 метри се наоѓа месноста Селиште, каде денес се наоѓаат ниви во кои се сретнуваат остатоци од куќи. Таму се верува дека се наоѓало старото село Стањевци. Таму се наоѓа старата црква „Св. Елена“ и селските гробишта.[3] Општото верување е дека селото Стањевци на Селиште еднаш пропаднало поради турските арамии. Арамии имало по околните шуми, поради што и една месноста се нарекува Арамиска Карпа. Арамиите често го напаѓале селото. За одбрана на селото, селаните убиле неколку од нив. Но, поради тоа тие морале да го напуштат местото, па така едни отишле во Велес, други во Штип, трети во Скопје, а предците на родот Златановци заминале во овчеполското село Мустафино. Златановци по само една година се вратиле повторно во Стањевци и го основале новото село на нова местоположба. По основањето на селото, Златановци почнале да повикуваат доселеници.[3] По основањето на селото бил основан и чифлиг од некој кратовски бег. На чифлигот биле населувани други македонски семејства.[3] СтопанствоАтарот е голем и зафаќа површина 23 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 885 хектари, на шумите отпаѓаат 869 хектари, а на пасиштата 500 хектари.[2] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2] До крајот на отоманската власт, во селото имало еден чифлиг, а своја земја имале само мештаните од родот Златановци. По Втората светска војна, дел од неговиот атар бил заземен од државното претпријатие во Мездра.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стањевци имало 266 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Стањевци имало 272 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6] Стањевци во 1961 година имало 475 жители, од кои 392 биле Македонци, а 83 жители Срби. Во 1994 година селото броело само 82 жители, исклучиво населено со македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Стањевци живееле 61 жител, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 47 жители, од кои 44 Македонци и 3 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСтањевци е македонско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
ИселеништвоНе се знае што станало со македонскиот род Баба-Димини. Биле доселени од некое село кај Велес. Потоа постари иселеници има во Макреш (Грмодолци) и Винце (Пашини).[3] После Втората светска војна населението се иселувало во градовите Свети Николе, Куманово, Велес и Скопје.[3] Самоуправа и политикаВо XIX век, Стањевци било село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Стањевци, се наоѓале и селата Габреш, Градиште, Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово и Строиманци. Селото припаѓало на некогашната Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец (како што веројатно било запишано). Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1692 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|