Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Крушниче и било христијанско, каде имало 21 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 80 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 178 жители.[2]
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:
Доселеници:Чаршамовци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се во втората половина на XVIII век од гостиварското село Дуф; Пичевци (10 к.) доселени се од некое село во сливот на Бабуна (Велешко); Соколовци (11 к.) доселени се од селото Буриловци. Изгледа таму биле староседелци; Дупкаровци (7 к.) доселени се од селото Макреш. Го знаат следното родословие: Трајко (жив на 83 г. во 1957 година) Дине-Китан, се доселил дедото на Китан, чие име жителите на овој род не го памтам, во Макреш најверојатно биле староседелци; Колевци (7 к.) доселени се од некое село во Кратовско; Убавелевци (2 к.) доселени се од Македонска Каменица; Коларовци (1 к.) доселени се од соседното село Алакинци. Порано овој род имал (7 к.), но се смалил поради изумирање и иселување.[10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1690 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.