ПодмесечинаПодмесечина (потсателит или месечина на месечина) — месечина која кружи околу друга месечина.[3] Со емпириско истражување на природните сателити во Сончевиот Систем, се дошло до заклучок дека e можно подмесечините да бидат елементи во планетарните системи. Во Сончевиот Систем, џиновските планети имаат големи број природни сателити. Откриените вонсончеви планети најчесто се џиновски планети; и барем една (Кеплер-162бb) може да има многу голема егзомесечина, наречена Кеплер-1625б I, за која се смета дека има подмесечина.[4][5] Но, досега освен вештачките сателити привремено лансирани во орбитата на Месечината, не е забележана ниту една подмесечина Сончевиот Систем или пошироко. Најчесто, плимните ефекти на планетите би го направиле ваквиот систем нестабилен. Можни подмесечиниРејаОткривањето на потенцијален [6] систем од прстени околу природниот сателит на Сатурн - Реа придонесле за пресметки кои покажале дека сателитите кои кружат околу Реја имаат стабилни орбити. Исто така, се претпоставува дека прстените се тенки,[7] феномен кој се поврзува со пастирските месечини. Но, со снимките направени од вселенското летало Касини не се откриле подмесечини или прстени на Реја.[8] ЈапетИсто така, се тврди деја сателитот на Сатурн Јапет порано имал подмесечина. Ова е една од неколкуте предложени хипотези за да се објасни необичниот екваторијален гребен на Јапет.[9] Вештачки потсателитиВо минатотоМногу вселенски летала кружеле околу Месечината, вклучувајќи ги и леталата со екипаж од програмата Аполо. До 2021, нема вештачки сателити што кружат околу други месечини. Во 1988 година, Советскиот Сојуз се обиде да постави две роботски сонди во квазиорбитата на месечината на Марс - Фобос, но обидот бил неуспешен.[10] Во сегашностаМесечевиот извидувачки обиколувач (LRO), лансиран на 18 јуни 2009 е роботско вселенско летало на НАСА што сѐ уште кружи околу Месечината во ексцентрична поларна орбита. Собраните податоци од ова летало се наведува дека се битни за планирање на идните човечки и роботски мисии на НАСА на Месечината. Со програмата за мапирање се определуваат безбедни места за слетување, лоцирање на потенцијални ресурси на Месечината, определување на нивото на зрачење и се демонстрираат новите достигнувања во технологијата. Планирани вештачки сателити на месечини во иднинаВо тек е развој на меѓупланетарното вселенско летало - Истражувач на ледените месечини на Јупитер (JUICE) кое треба да влезе во орбитата на Ганимед во 2032 година, со што ќе стане првото вселенско летало што кружи околу месечина на друга планета во Сончевиот Систем (различна од Земјата). Исто така, во 2024 година треба да започне со изградба вселенската станица Месечева Порта (поддржана од повеќе агенции)[11] која првенствено ќе служи како поддршка на подоцнежните мисии на НАСА од програмата Артемис за истражување на месечината. Месечевата Порта во иднина може да даде поддршка и за идните мисии на Марс и на оддалечените астероиди. Вселенското летало CAPSTONE е планирано да биде лансирано до крајот на 2021 и треба да ја тестира и потврди орбиталната стабилност за Месечевата Порта.[12] Планирано е и лансирање на Месечева Батерија - нискобуџетен КјубСат (анг: CubeSat) орбитер за истражување, лоцирање и проценка на количината и составот на воден мраз на Месечината за негова експлоатација во иднина од страна на роботи или луѓе од поларната орбита. ПоврзаноНаводи
|