Тихе (претпоставена планета)Тихе е претпоставен гасовит џин, кој можеби се наоѓа во Ортовиот Облак од Сончевиот Систем. Постоењето на оваа планета првпат било предложено во 1999 година од астрофизичарите Џон Матесе, Патрик Витман и Даниел Витмајер од Луизијана Универзитетот во Лафајет.[1][2] Тие тврделе дека доказите за постоењето на Тихе може да се најдат во наводната наклонетост (на астрономите) за тоа од каде потекнуваат долгопериодичните комети. Подоцна, Матезе[3] и Витмајр[4] ги преоцениле податоците за кометите и навеле дека ако Тихе постои, би можела да се најде во архивите на податоци прибрани од Инфрацрвениот истражувач (WISE) на НАСА.[5] Во 2014 година НАСА објавила дека со истражувањето на WISE не е пронајдено тело кое ги има одликите на Тихе, укажувајќи дека Тихе, каков што го претпоставиле Матезе, Витман и Витмајер не постои.[6] ИсторијаМатезе, Витмајер и нивниот колега Патрик Витман во 1999 година[7] први го предложиле постоењето на оваа планета, врз основа на испитувањето на орбитите на долгопериодичните комети. Повеќето астрономи се согласуваат дека долгопериодните комети (оние со орбити од илјадници до повеќе милиони години) имаат груба изотропна дистрибуција; односно пристигнуваат случајно од секоја точка на небото.[8] Бидејќи кометите се испарливи и се распрснуваат со текот на времето, астрономите се сомневаат дека поголемиот дел од нивното постоење мора го поминуваат во сферичен облак оддалечен десетици илјади AЕ (познат како Ортов Облак).[8] Но, Матезе и Витмир тврделе дека орбитите на кометите, наместо општоприфатеното мислење дека тие доаѓаат од случајни точки од небото, биле собрани во појас наклонет кон еклиптиката. Ваквото гриупирање би се должело на некое тело со големина на Јупитер, или кафеаво џуџе сместено во надворешниот дел на Ортовиот Облак.[9][10] Тие исто така навеле дека со такво тело може да се објасни и необичната орбита на заднептунецот Седна.[11] Сепак, бројот на примероци од кометите од Ортовиот Облак бил мал и како такви не можеле да понудат докази од кои би се извлекол заклучок.[12] ОрбитаВитмир и Матесе сметале дека орбитата на Тихе лежи на приближно 500 пати поголемо растојание од она до Нептун, на околу 15.000 AЕ (2.200 милијарди километри од Сонцето, нешто помалку од четвртина светлосна година). Се наоѓа во Ортовиот Облак, чија надворешна граница се проценува на повеќе од 50.000 АЕ. Орбиталниот период би бил околу 1,8 милиони години.[13] Неуспешната потрага според постари податоци прибавени од ИРАС наведува дека објект со големина од 5 Јупитерови маси треба да има растојание поголемо од 10.000 AЕ.[14] Орбитата на таа планета не би се совпаѓала со еклиптиката[15] и веројатно би била во широко-бинарна орбита во моментот на нејзиното создавање.[14] Широко-бинарна орбита може да се создаде преку заробување (во орбитата на ѕвездата) за време на гасењето на ѕвездите од почетното расеано ѕвездено јато.[14] МасаВо 2011 година, Витмир и Матезе претпоставија дека претпоставената планета може да има до четири пати поголема маса од Јупитер и релативно висока температура од приближно 200 K (-73 °C; -100 °F)[14], затоа што ѝ останало топлина уште од нејзиното создавање и поради Келвин-Хелмхолцовиот механизам на загревање. Би била недоволно голема за во јадрото да може да постигне притисок кој би предизвикал реакции на јадрено соединување, процес кој се јавува кај тела со приближно 13 Јупитерови маси. Иако потежок од Јупитер, Тихе би имал приближно ист обем со Јупитер, бидејќи дегенерираниот притисок предизвикува масивните гасовити џинови да ја зголемуваат само својата густина, но не и обем, со растење на нивната маса.[16] Потекло на иметоТихе (на грчки: τύχη - „среќа“) била грчка божица на среќата и просперитетот. Името било избрано за да нема забуна со претходна слична претпоставка дека Сонцето има бледа ѕвезда-придружник наречена Немеза, чија што гравитација го поттикнува влегувањето на кометите во внатрешниот Сончев Систем, што доведува до масовно изумирање на Земјата. Тихе била „добрата сестра“ на Немезис. Ова име за првпат го употребил Џ. Дејви Керкпатрик од Центарот за инфрацрвена обработка и анализа на Технолошкиот институт во Калифорнија.[17] Мисијата на WISEВселенскиот телескоп за инфрацрвени истражувања (WISE) откако ги завршил инфрацрвените истражувања на небото, опфаќајќи ги и областите каде Витмир и Матезе претпоставувале дека може да се најде Тихе.[14] На 14 март 2012 година, биле објавени резултатите од мерењата на WISE во кои биле вклучени податоците од првото скенирање на целото небо.[18] Дополнителното истражување на небото (AllWISE) било објавено кон крајот на 2013 година.[19] На 07.03.2014 г. НАСА објавила дека телескопот WISE ја отфрлил можноста за постоење на објект со големина на Сатурн на растојание од 10.000 АЕ и објект со големина на Јупитер или поголем до 26.000 АЕ (0,4 светлосни години )од Сонцето.[20][21] Поврзано
Наводи
|