На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подмоље е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 331 жител, од кои 325 Македонци, 2 Срби и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 246 Македонци, 3 Срби, 7 останати и 24 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Лошковци (6 куќи) доселени се од соседното село Оровник; Тодоровци (2 куќи) доселени се од селото Завој; Димовци (1 куќа) доселени се од селото Вапила, каде припаѓале на родот Шандаковци; Велестовчани (6 куќи) доселени се помеѓу двете светски војни од селото Велестово; Завојчани (4 куќи) доселени се кога и претходниот род од селото Завој; Оровчани (16 куќи) доселени се во 1970 година од селото Оровник; Луковчани (10 куќи) доселени се кога и Оровчани од селото Луково; Дебрчани (10 куќи) доселени се од разни села во Дебрца; Безовчани (6 куќи) доселени се од селото Безово; Орманчани (2 куќи) доселени се од селото Орман; Волинчани (2 куќи) доселени се од селото Волино; Охриѓани (2 куќи) доселени се од Охрид; Тетовчани (2 куќи) доселени се од Тетово; Скопјани (2 куќи) доселени се од Скопје; Кумановчани (1 куќа) доселени се од Куманово.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Мојсовци или Лошковци (1 к.) староседелци; Шашојаковци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Вапила. Во Вапила имале роднини, голем род; Балевци или Саравиновци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Велестово. Таму припаѓале на голем разгранет род; Бамбаловци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Оровник. Таму имале истоимени роднини; Мингулевци или Тодоровци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Завој. Таму припаѓале на родот Деспотовци; Шабановци или Стојчевци (2 к.) доселени се во 1929 и 1930 година од селото Завој; Стојановци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Оровник. Подалечно потекло од селото Лактиње во Дебрца.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“