Името на селото првпат е споменато како „Безово“ во 1467 година. Името потекнува од личното име „Безе“ или „Безо“.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 760 до 860 метри. Се наоѓа три километри на левата страна на регионалниот пат Струга-Дебар, а од самиот град Струга е оддалечено 23 километри.[3]
Селото се наоѓа во областа Дримкол, на источните падини под врвот Радук на планината Јабланица. Оддалечено е 33 километри јужно од Дебар.
Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 124,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 64,3 хектари, а на обработливото земјиште само 38,9 хектари.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е мало, со негативно популациско салдо. Во 1961 година селото броело 179 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 67 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Безово живееле 54 жители, од кои 53 Македонци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 18 Македонци и 4 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:
Староседелци:Васковци (5 к.), Митановци (1 к.) и Митровци (1 к.)
Доселеници:Зетараковци или Затарковци (1 к.) се сметаат за староседелци, но во селото е општо предание дека се доселени од страна, и дека потекнуваат од домазет доселен од Стеблево или Модрич, старото име им е Цацановци; Вељановци (4 к.) по потекло се од селото Присовјани во Струшка Малесија, најпрво се населиле во Нерези, па во Безово; Битолковци (3 к.) доселени се од Битола, а таму се доселени од некое место во Бугарија;Цветановци (5 к.)и Лазаревци (1 к.) доселени се од селото Јабланица;Павлевци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде.[14]
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Безово, се наоѓале и селата Јабланица, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Безово било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Безово, Луково, Нерези и Пискупштина.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 септември 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.