Калишта
Калишта (познато и како Калиште, а локално и како Калишча) — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околината на градот Струга, сместено на северозападниот брег на Охридското Езеро. Потекло на иметоЗа потеклото и значење на името на селото Калишта постојат две претпоставки, од кои едната е предание на неговите жители, а втората се заснова на одликите на местоположбата. Името на селото потекнува од македонскиот јазик и на месниот струшки говор се нарекува и Калишча, а речиси во истата форма (со наставката -и, односно Калишти) се нарекува и од албанското население. Меѓу мештаните постои легенда според која се верува дека поради природните убавини на езерото и селото, некогаш овде повремено престојувала некоја кралица со име Калина, поради што селаните велат дека селото го добило името според неа.[2] Според верувањето нејзината куќа, наречена „кула“ се наоѓала крај средновековниот манастир.[2] Инаку, името Калишта е со значење на калливо место, место каде што земјата е каллива односно има или се прави кал, што наполно соодветствува со рамничарската местоположба веднаш на брегот на Охридското Езеро кој во овој дел е песоклив и каллив, обраснат со трски, лотоси и други водни растенија.[2] Во Македонија постои уште едно село со име Калиште во подножјето на Шар Планина во Гостиварско. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, недалеку јужно од градот Струга, на оддалеченост од околу четири километри. Самото село Калишта и неговиот атар се допираат и протегаат од северозападниот брег на Охридското Езеро,[3] на исток преку рамнината на Струшкото Поле кон подножјето на планината Јабланица на запад. Селото е рамничарско, на надморска височина од 696 метри.[3] Куќите на селото се расположени во плодната рамнина која се протега кон север и запад, а која е оградена од високиот карпест гребен (Елен Камен) на југ и Охридското Езеро на исток. Селото Калишта е од збиен тип и се дели на помали „маала“ според родовите кои живеат во него: Танасковци, Мустафовци, Шерифовци, Шабановци.[2] Месностите во нискиот дел на селото ги носат следниве имиња: Блато, Љумче, Загонче, Бузелица, Бунар, Варса и Фјериште. Месностите во високиот дел на селото ги носат следниве имиња: Манастир Св. Богородица, Краста, Гумниште или Љама, Леског, Чакалица, Чумулица, Гештенка, Вари Рамаданит (Гроб на Рамадан), Гури зи, Чешма Костас, Гури древит (Елен Камен) и Плоча.[2] Низ селото минува асфалтниот пат од Струга кон неколку хотели и кампови, туристичката викенд-населба „Елен Камен“ и селото Радожда, а недалеку веднаш над самото село минува меѓународниот пат кон граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница. Во непосредна близина на селото се наоѓа познатиот хотел „Бисер“, еден од најдобрите хотели на Охридското Езеро. Соседни и околни села се Франгово и Радолишта на запад, Радожда на југ и градот Струга на север односно североисток. ИсторијаНа јужната страна, веднаш на самиот крај на селото се наоѓа познатиот средновековен манастир посветен на Успението на Пресвета Богородица, сместен во пештера над езерото, за кој се знае дека потекнува од XV век. Во денешно време покрај оваа стара пештерска црква постојат и две нови цркви со манастирски конаци подигнати крај самото езеро, веднаш до хотелот „Бисер“. За овој манастир секогаш се грижеле вредни калуѓерки. На карпестиот гребен кој се издигнува веднаш јужно од селото Калишта и се протега сѐ до селото Радожда постојат повеќе вакви стари средновековни пештерски цркви од XIV-XV век со доста вреден и интересен живопис.[2] Поволната местоположба укажува дека на просторот на селото Калишта има население од многу одамна. Во пишаните историски извори Калишта спаѓа во старите села во струшкиот крај и народното предание наведува дека тоа најпрвин било македонско христијанско село. Такво било сѐ до 1837-1838 година, до владеењето и нападите од бандите на Али-паша Јанински (овде познат како Али-паша Тепелини). За време на неговото владеење селото Калишта имало само 16 куќи, меѓутоа тогаш настанале големи „зулуми“ односно насилства, напади и грабежи со „потурчување“, поради што селските домаќинства освен две, некаде се иселиле. За Али-паша овде се пеела и народна песна.[2] Околу средината на XIX век и подоцна во Калишта се населени и други родови - турски и албански, поради што жителите на селото до 1912 година и помеѓу двете светски војни говореле на три јазици: македонски, албански и турски. Меѓутоа, од албанската окупација од 1941 година, турскиот јазик почнал да исчезнува и жителите кои претходно говореле турски јазик сега говорат албански.[2] Во XIX век, Калишта било село во рамките на Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот е мал и зафаќа простор од 3,7 км2, на кој обработливото земјиште зафаќа површина од 180 хектари, шумите зафаќаат 108 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 52 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција, а дел од домаќинствата се занимаваат и со риболов.[3] Сепак врз основа условите кои ги нуди природата и местоположбата жителите на Калишта се занимаваат со бројни второстепени и третостепени услужни стопански дејности, пред сѐ туризам и угостителство кое во голем подем поради што и самото село претставува своевидно туристичко средиште. Од земјоделството најзастапени гранки се поледелското одгледување на жита, пред сѐ и најмногу пченица и особено пченка, како и градинарските култури како одгледување на зелени и црвени пиперки, патлиџани (домати), лук, кромид, марула и тикви. Од сточарството во помали размери е застапено одгледувањето на крупни говеда како крави и волови, а доста е застапено и живинарството односно одгледувањето на кокошки, гуски и шатки. Секоја куќа покрај насадите со градинарските култури во своите дворови има и доста овошни дрвја пред сѐ: јаболка, сливи, цреши и круши. Со земјоделство и сточарство во Калишта главно се занимаваат жителите Албанци, додека риболовот е старо занимање на жителите Македонци,[2] кои во услови на негово опаѓање во поново време со можностите за приватно претприемништво повеќе се преориентираат кон туризмот и угостителството. Во селото работи и столар „Краста“ со сопствен погон и стовариште и повеќе продавници. На карпестиот гребен и возвишение јужно и југозападно од селото има и помали ископи на песок и камен за градежништво. Поради непосредната близина и добрата поврзаност со градот Струга некои жители се вработени или остваруваат занаетчиски и услужни дејности таму, а поради непосредната близина на албанската граница во поново време некои жители се занимаваат и со трговија. Туризам и угостителствоПоради изворедната местоположба со многубројни природни убавини крај брегот на Охридското Езеро во селото Калишта повеќе од половина век е доста равиен туризмот и самото село е прераснато во значајно туристичко средиште. Веднаш на самиот јужен крај на селото се наоѓа познатиот хотел „Бисер“, кој е еден од најголемите, најдобрите и најубаво опремените хотели на Охридското Езеро. Веднаш непосредно до овој хотел се наоѓа и познатиот средновековен манастир посветен на Пресвета Богородица, после кој веднаш се наоѓа неодамна обновениот хотел „Изгрев“ кој во моментот ги поседува најсовремените и најубаво опремените плажа и воден парк (топогани, скокалници итн.). Од големите хотелски комплекси и одморалишта, веднаш над самото село Калишта на околу еден километар оддалеченост на патот кон Радожда се наоѓаат и хотелите „Макпетрол“ и „Скопје“. Непосредно до селото на карпестиот возвишен гребен, опкружена во борова зимзелена шума се наоѓа туристичката населба „Елен Камен“ со многубројни викенд-куќи и модерни вили. Туризмот е во подем и во самото село Калишта, посебно кај жителите Македонци кои поради напуштање и намалување на обемот на вековно старото занимање со риболов, од неодамна имаат отворено неколку нови хотели и ресторани. Скоро отворени туристичко-угостителски објекти кои работат во самото село Калишта се: хотелот и рибен ресторан „Езерски Бран“, хотелот „Разме“, ресторанот „Лиќени“, авто-кампот „Рино“. Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 34 домаќинства и 90 жители мажи, од кои 70 муслимани и 20 христијани.[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Калишта имало 220 жители Албанци муслимани и 8 Македонци христијани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 39 куќи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.[7] Калишта е големо село, коешто во 1961 година броело 667 жители од кои 596 биле Албанци, а 67 жители Македонци. Во 1994 година, селото броело 992 жители, од кои 901 биле Албанец, 89 Македонци и двајца жители Срби.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Калишта живееле 1.178 жители, од кои 95 Македонци, 1.079 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 2 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 764 жители, од кои 115 Македонци, 623 Албанци, 2 Власи, 1 Србин и 23 лица без податоци.[9] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Калишта:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиВо Калишта живеат Македонци од православна вероисповед и Албанци со исламска вероисповед.[2]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Струга. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радолишта, во која покрај селото Калишта, се наоѓале и селата Вишни, Заграчани, Мали Влај, Радожда, Радолишта, Франгово и Шум. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Калишта, Мали Влај, Радожда и Франгово. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места место бр. 1873 и 1873/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[11] На локалните избори во 2017 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.196 гласачи.[12] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.187 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Личности
ИселеништвоОд селото има поголем број на иселеници и тоа претежно Албанци во Струга, Скопје и во странство претежно во западна Европа: Германија и Швајцарија. Албанскиот род Калиштани се иселил во струшкото село Биџево.[2] Калишта како тема во уметноста
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |