Бороец
Бороец (познато и како Боровец) — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 629 жители. Селото е претежно населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради религиско-политички причини. Потекло на иметоИмето на селото првпат е споменато како „Боровец“ во XVI век. Името е изведено од проширената основа „боров-“ и наставката „-ец“, кое има значење „дол, поток, кладенец во борова шума“. Друго објаснување е дека потекнува од личното име „Боро“.[2] Географија и местоположбаБороец е најсеверно село во областа Струшки Дримкол. Се наоѓа на карстна рамнина, која се шири од исток и падината на планината Јабланица од запад. Најблиски села се: Лабуништа, Ташмаруништа и Јабланица (Дебарски Дримкол).[3] На нискиот дел од атарот, источно од селото, се наоѓаат следниве месности: Паркатица, Војским, Градиште, Бигор, Виришта, Стара нива, Танасков трап, Воденички трап, Лојзиште, Белкица, Присој, Црковница, Манастириште, Лекоита вода, Лажец, Радец клаенец, Рамништа, Милоски дол, Квачица, Русквец и Станчец.[3] Во планинскиот дел на атарот, западно од селото, се наоѓаат следниве месности: Мартини села, Горни крај, Бошков рид, Пиштејца, Чуки, Љореши, Бели песоци, Грагор, Илин камен, Длабоки дол, Лакој лозја, Вељак, Петров камен, Грмаѓе, Кунеј ливаѓе, Чрника, Голема равен, Петрчец, Кошон Мачоски, Слива, Мислим кутел, Ќеримов гроб и Стрижак.[3] Бороец има збиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно. Во секое маало, куќите се групирани по родови. Поголеми родови се: Даговци, Крстановци, Мачовци, Алијевци и други.[3] Селото се наоѓа во северозападните делови на областа Струшки Дримкол, на 17 километри оддалеченост од градот Струга. Селото лежи во подножјето на Јабланица. ИсторијаСелото Бороец спаѓа во постарите села во Струшко. Најпрвин се наоѓало на пониска местоположба, во самата клисура на Црн Дрим, на селиштето Стар Бороец. Селиштето се наоѓа на десниот брег на реката. Меѓутоа, жителите оттаму одамна се иселиле поради Турците. Побогатите заминале подалеку, додека посиромашните се поместиле погоре, за да се склонат од патот. Денес, селиштето Стар Бороец, се наоѓа во атарот на селото Ташмаруништа.[3] Во историските извори, Бороец првпат се спомнува како дервенџиско село во 1582 година, кога имало само 30 христијански домаќинства.[3] Жителите на селото Бороец останале христијани до 1750 година, кога некој селанец по име Илија (веројатно од родот Шуменковци) преминал во ислам и го добил името Алија. Неговите браќа останале христијани. Од него се раширил родот најголемиот селски род Алијевци со околу 60 куќи.[3] Во XIX век, Бороец било село во рамките на Струшката каза на Отоманското Царство. СтопанствоСелото има голем потенцијал за сточарство, особено за одгледување кози, кое се практикувало до Втората светска војна, кога истото било забрането. Шумските подрачја околу селото имаат услови за лов. Условите за полјоделство се скромни, поради што во селото отсекогаш постоело печалбарството.[3] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 172 жители мажи.[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бороец имало 560 жители, од кои 360 жители Македонци христијани и 200 Македонци-муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бороец имало 320 жители.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бороишта е претставено како македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 125 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8] Според пописот од 2002 година, во селото Бороец живееле 629 жители, од кои 193 Македонци, 74 Албанци, 175 Турци и 187 останати.[9] Селото е претежно населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци или Албанци поради религиско-политички причини. Во поглед на мајчинот јазик, населението се изјаснило како:[9]
Од религиски аспект, во пописот од 2002 година, се регистрирани:[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 565 жители, од кои 47 Македонци, 103 Албанци, 153 Турци, 143 останати и 119 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиВо селото живее христијанско-македонско население и муслиманско-торбешко население, кои потекнуваат од староседелци и доселеници.[3] Христијанско-македонски родови се: Шуменковци или Шуминовци (2 к.), сместени во Долно Маало; Даговци (4 к.); Русевци (4 к.); Крстановци (4 к.); Мачовци (4 к.); Поповци (3 к.); Зафировци (3 к.); Секуловци (2 к.); Иљовци (2 к.); Наумовци (1 к.); Благојевци (1 к.) и Стевановци (1 к.). Родот Мачовци се наоѓаат половина километар надвор од селото. Друг поголем род кој не е спомнат[3] е родот на Танасковци, чии куќи се наоѓаат до црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Муслиманско-торбешки родови се: Алијоски (околу 60 к.) и Медурци (околу 16 к.), староседелци; Ибраимовци (8 к.) и Рамановци (7 к.), исто така староседелци; Нуровци (6 к.), доселени од селото Стеблево, Голо Брдо; Црневци или Кленковци (2 к.) доселени од селото Клење, Голо Брдо, и Зуберовци (4 к.), гранка на родот Црневци. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Лабуништа. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Велешта. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Лабуништа, во која покрај селото Бороец, се наоѓале и селата Лабуништа и Подгорци. Во периодот 1950-1952 година, селото Бороец било седиште на некогашната општина Бороец, во која влегувале селата Бороец, Јабланица и Лакаица. Избирачко местоВо селото постои избирачко место бр. 1904 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 859 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 860 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Редовни настаниВо селото се празнуваат следниве настани:
Личности
ИселеништвоОд Бороец се иселиле голем број христијани. Најголем дел од нив живеат во Белград и во Струга. Родот Боровичанци (3 к.) се иселиле во струшкото село Враништа. Муслиманите се иселувале во последно време и најмногу ги има во Охрид (15 к.), Струга (3 к.) и во Турција (5 к.).[3] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |