Името на селото првпат е споменато како „Порловец“ во 1583 година. Името потекнува од личното име „Бурин“ или од „Бохор“. Други извори даваат објаснување и дека потекнува од личното име „Бурја“. Покрај објаснувањата за личните имиња, Видоески наведува дека името потекнува „бура“, односно силна вода, поројна вода.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните огранки на планината Стогово.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри.[3]
Историја
Селото во минатото претставувало издвоено маало на селото Селци.
Атарот зафаќа простор од 27,9 км2 (заедно со селото Буринец). На него преовладуваат шумите на површина од 1.895 хектари, на пасиштата отпаѓаат 844 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[3]
Буринец било чисто македонско православно село, кое денес е раселено.
Родови во селото биле следните: Калиновци (4 к.), Душковци (2 к.), Мојсовци (1 к.), Кочковци (1 к.) и Глогуњовци (1 к.), овие родови биле староседелски; Чадиновци (4 к.), доселени однекаде; Торбовци (5 к.), Пеповци (3 к.) и Старковци (3 к.), доселени се од некогашното село Бурлица, кое постоело во Малесија и Сиљановци (1 к.), доселени се од селото Лисолај, Битолско.[12]
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Буринец, се наоѓале и селата Дренок, Модрич, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Буринец било дел од некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.
Целосно е иселен родот Гргуловци, кои немаат повеќе куќи во селото, во 1904 година се иселиле во селото Горенци, а биле доселени од Вучитрн;
Од Калиновци иселеници има во Јабука, Војводина (едно семејство, од 1946 година);
Од Душковци иселеници има во Лом, Бугарија (пет семејства, од 1904 година, едно од таму се иселило во САД);
Од Кочковци иселеници има во Видин, Бугарија (едно семејство, од 1904 година), САД (две семејства, од 1920 година), Ресен (едно семејство, од 1935 година) и во Скопје (едно семејство, од 1935 година);
Од Глогуњовци иселеници има во САД (две семејства, од 1920 година), Бугарија (пет семејства, од 1921 година, иселени во околината на Враца), Охрид (едно семејство, од 1928 година), Скопје (две семејства, од 1934 година) и во Жабјани, Прилепско (едно семејство, од 1945 година);
Од Чадиновци иселеници има во Селци (2 семејства, како домазет кај Србиновци), Охрид (едно семејство, од 1923 година) и во Скопје (едно семејство, од 1924 година);
Од Торбовци иселеници има во Лом, Бугарија (две семејства, од 1923 година), Враца, Бугарија (три семејства, од 1933 година), Скопје (пет семејства, од 1937 година) и во Дебар (едно семејство, од 1942 година);
Од Пеповци иселеници има во Лом, Бугарија (едно семејство, од 1921 година), Дебар (едно семејство, од 1918 година) и во Скопје (едно семејство, од 1930 година);
Од Стакаровци иселеници има во Скопје (едно семејство, од 1943 година); и
Од Сиљановци иселеници има во Лом, Бугарија (три семејства, од 1904 година) и во Скопје (две семејства, од 1922 година).[12]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.