На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ново Село е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 280 жители, од кои 235 Албанци и 45 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 162 Албанци, 53 останати и 13 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Ново село е албанско село, а имало и македонски и ромски родови.
Албански родови во селото се: Лога (8 к.), Изери (3 к.), Фејзула (2 к.), Фејза (2 к.) и Шакири (1 к.). Лога се доселени од селото Поум. Изери и Фејзула се доселени од дебарско (Мал или ГолемПапрадник) и Шакири се доселени од селото Песочани, Дебрца. Наведените родови се доселени околу 1925 година; Иљази (4 к.), Читаху (2 к.), Туши (5 к.), Беќири (1 к.), Дема (1 к.) и Мена (1 к.). Родот Иљази е доселен од селото Поум. Читаху е доселен од селото Делогожди. Туши е доселен од селото Дабовјани. Беќири е доселен од селото Доно Татеши. Дема е доселен од Богојци, и Мена е доселен од селото Мислодежда. Сите наведени родови се доселени после 1945 година.
Ромски род: Џаку (4 к.) доселени се пред 1912 година, по потекло се од Дебарско.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“